52
MK
Прочитајте го ова упатство за употреба пред користењето на уредот. Сочувајтe го ова упатство за идна употреба.
• Не блокирајте ги и не покривајте ги отворите за вентилација од задната страна на уредот.
• Не туркајте предмети од било кој вид во овој уред низ отворите на уредот, затоа што може да дојде до
контакт со деловите под напон или до краток спој, што може да резултира со пожар, eлектричен удар или со
оштетување на уредот.
• Не обидувајте се да го отворите уредот затоа што може да дојде до оштетувања. Уредот нема делови кои
можете сами да ги замените. Сервисирањето треба да го изврши квалификуван персонал.
• Не допирајте го екранот со прсти затоа што може да дојде до гребење или валкање на ТВ екранот.
• Не изложувајте го ТВ екранот на јак притисок затоа што тоа може значително да го оштети ТВ екранот.
Исклучете го уредот од струја во следните околности:
• Доколку уредот не се користи подолг временски период.
• Доколку кабелот за напојување или приклучокот е оштетен.
• Следете ги упатствата за инсталација и подесување на производот. Подесете ги командите кои се опишани во
ова упатство за употреба затоа што погрешното подесување може да доведе до оштетување и на останатите
команди. Доколку дојде до тоа, исклучете го уредот од струја и обратете им се на квалификуваните сервисери.
• Доколку уредот претрпел удар или пад кој довел до оштетување на куќиштето.
• Не дозволувајте било што да стои или да минува преку каблите за напојување и сигнал.
• Заштитете ги каблите за напојување и сигнал од газење.
• Кабелот за напојување или приклучокот да не се преоптоватуваат.
• Кабелот за напојување и кабелот за сигнал да не се изложува на влага.
• Уредот не смее да се става на нестабилни колички, подлоги или маса. Поставете го уредот на место на кое ќе
има добро проветрување.
• Уредот не смее да се користи во близина на влажни и ладни средини. Заштитете го уредот од прегревање.
• Уредот да се чува подалеку од директна сончева светлина.
• Уредот не треба да се изложува на капење и прскање, и на него не треба да се поставуваат предмети со вода, на
пример вазни.
• Уредот да не се користи во средина исполнета со прашина
• Избришете ја прашината од уредот со бришење на екранот и на куќиштето со мека, чиста крпа или со специјална
течност за чистење.
• Не користете голема сила при бришењето на екранот.
• Не користете вода и други хемиски средства за чистење при чистење на екранот затоа што може да дојде до
оштетување на површината на ТВ екранот.
Предупредување: За оваа акција може да бидат потребни две лица.
За да се погрижите за безбедна инсталација, почитувајте ги следните безбедносни совети:
• Проверете дали ѕидот може да ја издржи тежината на уредот и на комплетот на ѕидниот ТВ носач.
• Следете ги упатствата за поставување од ѕидниот носач.
• Teлевизорот мора да биде поставен на вертикален ѕид.
• Користете само завртки соодветни за материјалот од кој е направен ѕидот.
• Проверете дали се каблите на телевизорот наместени така да не постои опасност од препнување.
• Сите останати безбедносни упатства за нашиот телевизор важат и во овој случај.
ВОВЕД
Meрки на претпазливост
Производ
Напојување и вклучување во струја
Кабел за напојување и кабел за сигнал
Корисничка средина
Чистењe
Поставување на телевизорот на ѕид
Содержание 32T303BHS
Страница 1: ...SLO MK SRB ENG ALB BiH CG HR USER MANUAL SMART TV 32T303BHS 32T303SHS...
Страница 3: ......
Страница 52: ...52 MK e e Te Me e...
Страница 88: ...www tesla info...