626
Прирачник за ракување
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
и истата нека ја пушти во употреба
квалификуван електричар. Porsche
препорачува партнер на Porsche бидејќи
тој има обучен персонал во сервисната
работилница, како и потребните делови и алат.
– Каде што е технички можно и законски
дозволено, електричната инсталација треба
да се димензионира на начин на кој
максималната номинална електрична енергија
на користената електрична приклучница
е достапна за полнење на возилото.
– Пред монтирање, проверете дали
електричната енергија потребна за полнење на
возилото може континуирано да се обезбедува
со домашната инсталација достапна во
моментот. Ако е потребно, заштитете ја
домашната инсталација со систем за
управување со енергија.
– Полначот треба по можност да се користи во
заземјени системи за напојување. Заштитниот
проводник мора да биде правилно инсталиран.
– Ако не сте сигурни за домашната електрична
инсталација, контактирајте квалификуван
електричар. Porsche препорачува да користите
сертифициран сервисен партнер на Porsche.
– Ако имате намера да го користите полначот со
фотонапонски систем, контактирајте партнер
на Porsche.
– За целосно да го искористите полначот
и да осигурате брзо полнење на возилото,
користете или NEMA електрични приклучници
со највисокиот можен рејтинг во моментот
соодветен за приклучокот за напојување или
индустриски електрични приклучници во
согласност со IEC 60309.
– Кога ја полните високонапонската батерија
преку електрична приклучиница од
домаќинството/индустриски електричен
приклучок, електричната инсталација може да
се наполни до нејзиниот максимален
капацитет. Porsche препорачува електричните
инсталации кои се користат за полнење
редовно да се проверуваат од страна на
квалификуван електричар. Прашајте го
квалификуваниот електричар кои интервали
за проверка се соодветни за инсталацијата.
Porsche препорачува да користите
сертифициран сервисен партнер на Porsche.
– При достава, струјата на полнење автоматски
се ограничува за да се спречи прегревање на
електричната инсталација. Квалификуван
електричар нека го пушти полначот во
употреба и поставете ограничување на
струјата на полнење како што се бара за
домашната инсталација.
f
Видете во поглавјето „Ограничување на
струјата на полнење“ на страница 634.
Намена
Полнач со интегрирана контрола и заштита за
полнење со режим 2 за полнење (освен Јапонија
и Уругвај), за полнење на возила со
високонапонски батерии кои ги исполнуваат
општо применливите стандарди и директиви за
електрични возила.
e
Секогаш користете ја соодветната верзија на
уредот за локалното напојување од
електричната мрежа.
f
Видете во поглавјето „Технички податоци“
на страница 648.
Полначот може да се користи само како
комбинирана единица која се состои од кабли
за напојување, контролна единица и кабли за
возилото.
Соодветен е за надворешна употреба.
Легенда за пиктограмите
Во зависност од земјата, може да се прикачат
различни пиктограми на полначот.
Користете го полначот во опсег
на температура од –30 °C до
+50 °C.
Полначот не треба да се користи
на висини поголеми од 5000 m
надморска височина.
Полначот е опремен со заштитен
проводник кој не е вклучен.
Полначот е опремен со заштитен
проводник кој е вклучен.
Исфрлете го полначот согласно
сите применливи регулативи за
исфрлање отпад.
Не користете продолжни кабли
или релеи за кабел.
Не користете адаптери
(за патување).
Не користете повеќе
приклучници.
Не користете полначи со
оштетена електроника или
поврзувачки кабли.
Ризик од струен удар поради
несоодветно користење.