63
62
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Акумулаторски вентилатор
Производен број
4832 35 01 XXXXXX MJJJJ
Волтажа на батеријата
12 V
⎓
Сила на струјни именитељ макс.
1,5 A
Проток на воздух I
Проток на воздух II
Проток на воздух III
300 m
3
/h
450 m
3
/h
680 m
3
/h
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(Li-Ion 2,0 Ah ... 6,0 Ah)
2,2 ... 2,5 kg
Препорачана температура на околината за работа
-18 ... +40 °C
Препорачани комплети акумулаторски батерии
M12B...
Препорачани полначи
C12C; M12C4; M12-18...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства
и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
АКУМУЛАТОРСКИ ВЕНТИЛАТОР УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Овој апарат може да го користат
деца на возраст од 8 години и
нагоре, како и лица со намалени
психички, сензорни или ментални
способноси или со недостаток на
искуство и / или знаење, доколку
се под надзор или доколку добиле
упатства за безбедна употреба и ги
сфатиле потенцијалните опасности
што би произлегле од употребата.
Деца не смее да си играат со
апаратот.
Чистење и одржување на апаратот
не смее да вршат деца без
соодветен надзор.
Користете го само мрежниот адаптер испорачан од страна на
производителот.
Не користите го апаратот во близина на отворен пламен и
жар.
Да не се употребува во опасни опкружувања. Да не се
употребува при дожд, снег, на влажни или водени места. Да
не се употребува во подрачја во коишто постои опасност од
експлозија (дим, прашина или запаливи материјали), бидејќи
при ставање или вадење на батеријата за замена можат да
се создадат искри. Тоа може да предизвика пожар.
Не дозволувајте апаратот да работи без надзор.
Решетката на вентилаторот немојте никогаш да ја држите
затворена или да ја заклучувате. Не го блокирајте
вентилаторското тркало.
Не оставајте вентилаторот да работи без или со дефектна
решетка на истиот.
Оставете го апаратот да работи само во добро проветрена
просторија.
Носете соодветна облека. Немојте да носите широка облека
или накит којшто може да се фати во подвижните делови.
Чувајте ги рацете и лабавата облека настрана од алати за
сечење и други подвижни делови.
Празните батерии мора да се извадат од апаратот и
безбедно да се отстранат.
Кога апаратот се чува подолго време, батериите треба да се
отстранат.
Клемите на полначот не смеат да се премостуваат.
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот
пред полнењето. Батериите што не се полнат не треба да ги
полните повторно.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од
M12 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој апарат е наменет за професионална употреба на
пример во хотели, училишта, болници, фабрики, дуќани,
бироа и за негово изнајмување.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
M12 AF
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете
го. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ЧИЩЕННЯ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Погоден за тропска клима и до 40 ° C температура
на амбиент
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината. Информирајте се кај
Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија III.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
Содержание HEAVY DUTY M12 AF
Страница 3: ...5 4 STOP START 9 8 7 6 11 10 ...
Страница 5: ...9 8 START STOP I II III 360 ...
Страница 6: ...11 10 1 2 2 1 min 3 2 mm 2x 3x max 50 mm 82 5 mm 165 mm 97 2 mm ...