66
67
C 12 HZ
...................................4670 89 04...
...000001-999999
........................................ 12 V
.................................0-3000 min
-1
..................................... 12,5 mm
............................. 1,2 ... 1,5 kg
.................................-18°C ... +50 °C
....................................... M12B...
........................M12-18 ...; M12 C4; C12 C
..................................... 75,5 dB (A)
..................................... 86,5 dB (A)
....................................... 8,0 m/s
2
....................................... 1,5 m/s
2
....................................... 7,9 m/s
2
....................................... 2,0 m/s
2
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
САБЈЕСТА ПИЛА НА БАТЕРИИ
Производен број.............................................................................................................
Волтажа на батеријата .................................................................................................
Ударен момент при не оптовареност (на слободно) ...................................................
Должина на удар ............................................................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah - 6,0 Ah) .....................................
Препорачана температура на околината при работа ..........................................................
Препорачани типови на акумулаторски батерии..................................................................
Препорачани полначи ............................................................................................................
Информации за бучавата / вибрации
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 62841.
Типично очекуванo ниво на звучен притисок на алатот е:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) .....................................................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .........................................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани
согласно EN 62841.
Сечење на честички одбор *1
Вибрациска емисиона вредност a
h,B
.................................................................................
Несигурност К= ...................................................................................................................
Пилење на дрвени греди *1
Вибрациска емисиона вредност a
h,WB
...............................................................................
Несигурност К= ...................................................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства, инструкции,
илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на
подолу наведените упатства можe да предизвика електричен удар, пожар и/или
сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА РЕЦИПРО ПИЛИ
Држете го електричниот алат за издадените површини при изведување на
операции при кои алатот за сечење можат да дојдат во контакт со скриени жици.
Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и
оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
Употребувајте спајалка за навртување или други практични помошни средства,
за да го зацврстите делот што се обработува на стабилна подлога.
Со држење на
делот што се обработува со рака или негово притискање со телото, делот може да се
лизне, а тоа може да доведе до губење на контролата.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни
очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде штетна по
здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето
(на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи апаратот!
Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е блокирано;
притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и
отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во предвид
напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните,
гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон. Необезбедени
парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Не користете скршени или изобличени сечила.
Убодни резови без претходно дупчење се возможни кај меки материјали (дрво, лесни
градежни материјали за ѕидови). Кај поцврсти материјали (метали) мора првин да се
направи дупка која ќе одговара на димензијата на пилата.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на батерија (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12 систем. Не користете
батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место.
Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување!
За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од
оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност
алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена
*1 со лист bimetal, големина 150 x 1,4/1,9 мм и растојание помеѓу забите 4,2 mm, 6Tpi
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се
користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се
одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може
значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви
бидат топли, организација на работните шеми.
вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички податоци" опишаниот
производ е во склад со сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHS),
2014/30/EU, 2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-11:2016+A1:2020
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-10-25
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа сабјаста пила сече дрво пластика и метал. Може да сече прави линии, кривини и
внатречни отсечоци. Сече цевки и може да сече паралелно со површината.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот за сечење се запира во рок
од 2 секунди преку електричната кочница. Но, електричната кочница може да дејствува
и одложено. Понекогаш електричната кочница не е делотворна. Доколку електричната
кочница не дејствува почесто, во тој случај пилата мора да биде донесена до овластен
сервис-центар на Milwaukee.
Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за сечење извлечете ја
пилата од обработуваниот материјал.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце
(ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат
извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува
на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка на струја, на
пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување, ненадејно запирање или
краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее многу. Во таков
случај батеријата исклучува.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни
материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и
меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на
истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски
претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се
избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување на
машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во Вашата
корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно
и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
0
Ударен момент при не оптовареност (на слободно)
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ
Содержание 4933411925
Страница 3: ...4 5 6 11 10 7 14 12 START STOP 8 13 ...
Страница 5: ...8 9 1 2 2 1 ...
Страница 7: ...12 13 1 2 3 ...