87
МАКЕДОНСКИ
Острете го синџирот на пилата
често, но секогаш отстранувајте
само мал дел од материјалот.
Обично, доволни се две или три движења со
турпијата за рутинско острење. Откако неколкупати
одново сте го изостриле синџирот на пилата,
однесете ја на острење во овластен сервисен
центар на MAKITA.
Критериуми за острење:
— Должините на сите секачи мора да се
подеднакви. Секачите со различна должина
спречуваат синџирот да се движи лесно и може
да предизвикаат да се скине синџирот.
— Не го острете синџирот кога минимална
должина на сечилото ќе достигне 3 мм. Тогаш
мора да се монтира нов синџир.
— Оддалеченоста помеѓу мерењето на
длабочината (заоблен врв) и работ на сечилото
ја определува дебелината на парчето.
— Најдобри резултати со сечењето се
постигнуваат кога меѓу работ за сечење
и мерачот за длабочина растојанието е
следново.
Сечило на синџирот 91PX: 0,65 мм
►
Сл.31:
1.
Должина на сечење
2.
Растојание
помеѓу работ на сечење и мерачот за
длабочина
3.
Минимум 3 мм
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Ако оддалеченоста е поголема, се зголемува
ризикот од повратен удар.
— Аголот на острење од 30 ° мора да биде ист на
сите секачи. Ако аглите се различни, синџирот
се движи грубо и нерамномерно, има повеќе
абење и може да се скине.
— Длабочината на пенетрацијата на кружната
турпија го определува аголот на страничната
плочка на сечилото. Ако наведената турпија
се користи правилно, автоматски ќе се добие
точниот агол на страничната плочка.
— Аглите на страничната плоча за секој синџир на
пила се следниве:
Сечило на синџирот 91PX: 80 °
►
Сл.32:
1.
Агол на страничната плоча
Турпија и насочување на турпијата
— Користете специјална кружна турпија
(опционален додаток) за синџири на пили за
острење на синџирот. Нормалните кружни
турпии не се адекватни.
— Дијаметарот на кружната турпија за секој
синџир на пила е следниот:
Сечило на синџирот 91PX: 4,0 мм
— Турпијата треба да го зафати материјалот
само во работниот од со движење нанапред.
Кренете ја турпијата од материјалот при
движењето наназад.
— Прво изострете го најкраткиот секач. Потоа,
должината на најкраткиот секач станува репер
за сите други секачи на синџирот на пилата.
►
Сл.33
— Водете ја турпијата како што е прикажано на
сликата.
— Турпијата може да се води полесно ако има
држач за турпијата (додаток по избор). Држачот
за турпијата има ознаки за правилниот агол
на острење од 30 ° (распоредете ги ознаките
паралелно на синџирот на пилата) и ја
ограничува длабочината на пенетрацијата (до
4/5 од дијаметарот на турпијата).
►
Сл.34
— По острењето на синџирот, проверете ја
висината на мерачот на длабочина со алатот
за мерење на синџирот (додаток по избор).
►
Сл.35
— Отстранете ги сите материјали што се
испакнати, независно колку се малечки, со
посебна плоската турпија (додаток по избор).
— Повторно заоблете го предниот дел на мерачот
на длабочината.
Чистење на шипката за водење
и подмачкување на повратниот
ѕвездест лагер
ВНИМАНИЕ:
•
секогаш носете безбедносни ракавици за
оваа задача. Боцките претставуваат ризик од
повреда.
►
Сл.36
Редовно проверувајте ги подвижните површини
на шипката за оштетувања. Чистете со соодветна
алатка и отстранете ги боцките, ако има потреба.
Ако моторната пила се користи често, подмачкувајте
го повратниот ѕвездест лагер најмалку еднаш
неделно. Пред да додадете средство за
подмачкување, внимателно исчистете ја дупката
од 2 мм на врвот на шипката за водење, потоа
ставете мало количество повеќенаменско масло за
подмачкување (додаток по избор) во дупката.
Водич за чистење на маслото
►
Сл.37:
1.
Жлеб за насочување масло
2.
Дупка за
полнење масло
— Редовно чистете го жлебот на хранителот на
маслото и дупката на хранителот на масло во
шипката.
Нови синџири за пила
Користете два или три синџира за пила
наизменично, за синџирот на пилата, ѕвездестиот
лагер и подвижните површини на шипката да се абат
рамномерно.
Превртете ја шипката кога го менувате синџирот за
жлебот на шипката да се аби рамномерно.