77
МАКЕДОНСКИ
8.
Посебно внимавајте кога сечете грмушки и
фиданки.
Тенкиот материјал може да го фати
синџирот на пилата и да го повлече кон вас или
да ја наруши вашата рамнотежа.
9.
Носете ја моторната пила држејќи ја за
предната рачка. Моторната пила треба
да биде исклучена и подалеку од вашето
тело. Кога ја превезувате или складирате
моторната пила, секогаш ставете ја
заштитната насочувачка шипка.
Ако
правилно ракувате со моторната пила, ќе
се намали можноста случајно да дојдете во
контакт со подвижниот синџир на пилата.
10.
Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот и за менување
на додатните делови.
Ако синџирот е
неправилно затегнат или подмачкан, може
да се скрши или да ги зголеми шансите да се
појави повратен удар .
11.
Рачките нека бидат суви, чисти и да нема
на нив масло и средство за подмачкување.
Рачки на кои има средство за подмачкување
маслосани рачки се лизгави и може да
предизвикаат да се изгуби контрола.
12.
Сечете само дрво. Не ја користете моторната
пила за цели за кои не е наменета. На пример:
не користете ја моторната пила за сечење
пластика, цигли или градежен материјал што
не е дрвен.
Ако ја користите моторната пила
за работи за кои таа не е наменета, може да се
доведете во опасна ситуација.
13.
Причини за повратниот удар и што може да
стори лицето што ракува со електричниот
алат за да го спречи:
До повратен удар може да дојде кога
насочувачката шипка ќе допре објект или кога
дрвото ќе се затвори и ќе се заглави синџирот
на моторот во пресекот.
Во некои случаи, допир со врвот може да
предизвика ненадејна обратна реакција при што
насочувачката шипка се изместува нагоре и оди
наназад кон лицето кое ракува со електричниот алат.
Ако синџирот на пилата се заглави на врвот на
прачката за насочување, таа може нагло да се
придвижи кон лицето што ракува со електричниот алат.
Секој од овие реакции може да предизвика да
изгубите контрола над пилата, при што може да
дојде до посериозни физички повреди. Не се
потпирајте само на безбедносните уреди вградени
во пилата. Како корисник на моторната пила, треба
да преземете неколку чекори за да не дојде до
повреда или да се повредите кога сечите.
Повратниот удар е резултат од неправилна
употреба на алатот и/или неправилни работни
постапки и услови и може да се избегне со
преземање соодветни претпазни мерки, како
што е наведено подолу.
—
Цврсто држете го електричниот алат,
со палците и прстите околу рачките на
моторната пила, со двете раце на пилата и
поставете ги вашето тело и рака така што ќе
можете да ги задржите повратните импулси.
Лицето што ракува со електричниот алат може
да ги контролира повратните импулси, ако се
преземат соодветни претпазни мерки. Не ја
испуштајте моторната пила.
—
Немојте да досегате и да сечете над
висина на рамената.
Така ќе спречите
ненамерно допирање на врвот и ќе имате
подобра контрола над моторната пила во
неочекувани ситуации.
—
Користете само шипки и синџири за замена
кои ги препорачува производителот.
Несоодветните шипки и синџири за замена
можат да предизвикаат да се скрши синџирот
и/или да се појави повратен удар.
—
Следете ги упатствата на
производителот за острење и за
одржување на моторната пила.
Ако
дојде до намалување на висината на
мерачот на длабочина, може да се појави
поголем повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
1. Прочитајте го упатството за да научите како
работи моторната пила.
2. Пред да ја користите моторната пила првпат,
најдете некој да ви покаже како се работи со
неа. Ако не успеете да најдете некој, барем
вежбајте сечејќи валчесто дрво на ногалки пред
да почнете со работа.
3. Моторната пила не смеат да ја користат деца
или млади лица под 18 години. Младите лица
над 16 години може да работат со пилата кога
се обучуваат под надзор на експерт.
4. Кога работите со моторната пила, мора да сте
многу концентрирани. Ако не се чувствувате
добро и здраво, не работете со пилата. Цело
време работете смирено и внимателно.
5. Никогаш не работете под влијание на алкохол,
дрога или лекови.
Правилна употреба
1. Моторната пила е наменета само за сечење
дрво. Не користете ја за сечење на, на пример,
пластика или порозен бетон.
2.
Моторната пила користете ја само за работи
опишани во упатството.
Не
ја користете, на пример,
за сечење на жива ограда или за слични работи.
3. Моторната пила не смее за се користи за
работа во шума, т.е. за сечење и кастрење на
дрвја што се користат за градежен материјал.
Кабелот на моторната пила не дозволува
лицето што ракува со неа да биде доволно
подвижен и безбеден за таков вид работа.