30
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардни методи за испитување и
може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите може да
се користи и како прелиминарна процена за
изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжичен ударен клуч
1.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
затегнувачот може да дојде во допир
со скриени жици.
Затегнувачите што ќе
допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
2.
Носете штитници за уши.
3.
Пред да го монтирате приклучокот за удар,
внимателно проверете го да не е изабен, со
пукнатини или оштетувања.
4.
Цврсто држете го алатот.
5.
Не допирајте ги вртливите делови.
6.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога.
Уверете се дека под Вас нема никој кога го
користите алатот на високи места.
7.
Точниот вртежен момент за завртување
може да се разликува во зависност од типот
или големината на завртката. Проверете го
вртежниот момент со динамометарски клуч.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Содержание TW060D
Страница 2: ...1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 A B Fig 5 1 2 Fig 6 3 2 1 Fig 7 Fig 8 2 ...
Страница 59: ...59 ...