43
МАКЕДОНСКИ
Користење футрола
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Кога користите футрола,
отстранете ја бургијата за одвртување/
дупчење од алатот.
ВНИМАНИЕ:
Исклучете го алатот и
почекајте додека не запре целосно пред да го
поставите во футролата.
Цврсто затворете ја футролата со копчето на
футролата за цврсто да го држи алатот.
1.
Вметнете ремен или нешто слично низ држачот
на футролата.
►
Сл.15:
1.
Држач на футрола
2.
Ремен
2.
Поставете го алатот во футролата и заклучете
го со копчето на футролата.
►
Сл.16
►
Сл.17
Во предниот дел од футролата може да чувате две
бургии за одвртување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Бургии за дупчење
•
Бургии за одвртување
•
Приклучни бургии
•
Бургија од дупчалка обложена со
тунгстен-карбид
•
Издувна пумпа
•
Држач за бургија за одвртување
•
Кука
•
Футрола
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.