38
МАКЕДОНСКИ
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжична ударна дупчалка
1.
Носете заштита за ушите кога изведувате
работи со ударно дупчење.
Изложувањето на
бучава може да предизвика губење на слухот.
2.
Користете помошна рачка(и), ако е
доставена со алатот.
Губењето контрола може
да предизвика повреда.
3.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици.
Додатоците за
сечење што ќе допрат жица под напон можат
да ја пренесат струјата до металните делови
на алатот и да предизвикаат струен удар на
операторот.
4.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
затегнувачот може да дојде во допир
со скриени жици.
Затегнувачите што ќе
допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
5.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога. Уверете се дека под Вас
нема никој кога го користите алатот на
високи места.
6.
Цврсто држете го алатот.
7.
Не допирајте ги вртливите делови.
8.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
9.
Не допирајте ја бургијата или работниот
материјал веднаш по работата; тие може
да бидат многу жешки и да ви ја изгорат
кожата.
10.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата за
батерија во сад со други метални предмети
како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita.
Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.