189
МАКЕДОНСКИ
2.
Носете заштита за уши, како на пример
тампони за уши, за да спречите загуба на
слухот.
3.
Носете заштитни очила, безбедносен шлем
и заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
4.
При допирање на ножевите или нагодување
на аголот на ножевите, носете заштитни
ракавици.
Ножевите може да нанесат
сериозни исеченици на голите раце.
Работење
1.
Секогаш користете ги двете раце за да
работите со алатот.
Користењето на една
рака може да предизвика губење контрола и да
резултира со сериозна телесна повреда.
2.
Додека работите со алатот, секогаш
осигурајте се дека работната позиција е
безбедна и сигурна. Пресегнувањето со
алатот, особено од скала, е многу опасно.
Не работете качени на структура што се
ниша или не е стабилна.
3.
Немојте истовремено да носите повеќе
ремени за појас и/или ремени за рамо кога
работите со алатот.
4.
При работењето, држете ги луѓето и
животните што се наоѓаат во близина на
растојание од најмалку 15 м од алатот.
Исклучете го алатот веднаш штом некој се
приближи.
5.
Ако алатот за сечење удри во било каков
предмет или ако алатот започне да прави
невообичаен звук или вибрација, исклучете
го алатот и веднаш извадете ја касетата за
батерија и оставете го алатот да застане. А
потоа преземете ги следниве чекори:
•
Проверете дали има оштетувања
•
проверете ги и прицврстете ги сите
олабавени делови
•
заменете ги или поправете ги сите
оштетени делови со оригинални
резервни делови.
6.
Користете го алатот само за неговата
предвидена намена. Не користете го алатот
за никаква друга цел.
7.
Исклучете го алатот и извадете ја касетата
за батерија пред:
•
чистење или кога чистите заглавени
остатоци,
•
проверка, одржување или работење со
алатот,
•
прилагодување на работната позиција
на сечилата за стрижење,
•
да го оставите алатот без надзор.
8.
Осигурајте се дека алатот е правилно
поставен во предвидената работна позиција
пред да го стартувате алатот.
9.
Не работете со алат со оштетени или
значително изабени сечила за стрижење.
10.
Секогаш бидете свесни за вашата околина
и бидете внимателни за можните опасности
за кои можеби не сте биле свесни поради
бучавата на алатот.
11.
Внимавајте случајно да не допрете метална
ограда или други тврди предмети за време
на работењето.
Сечилото ќе се скрши и може
да предизвика тешка повреда.
12.
Избегнувајте ненамерно стартување. Не
го носете алатот кога касетата за батерија
е монтирана и со прст на прекинувачот.
Осигурајте се дека прекинувачот е исклучен
кога ја монтирате касетата за батерија.
13.
Не фаќајте ги изложените сечила или
рабови за сечење кога го кревате или
држите алатот.
14.
Не форсирајте го алатот.
Работата ќе биде
подобро завршена и со помал ризик од
повреда работејќи со темпо за кое е наменета.
15.
Не користете го алатот на дожд или во
влажни и мокри услови.
Електромоторот не е
водоотпорен.
16.
Држете го алатот цврсто кога го користите.
17.
Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
18.
Секогаш пред да ги проверите сечилата
за стрижење, да поправате дефекти или
да отстраните материјали заглавени во
сечилата за стрижење, исклучувајте го
алатот и вадете ја касетата за батерија.
19.
Никогаш не насочувајте ги сечилата за
стрижење кон себе или кон другите.
20.
Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
21.
Кога го прикачувате или вадите капакот за
сечилата, внимавајте да не си ги повредите
дланките.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Избегнувајте опасно опкружување. Не
користете го алатот на влажни места и не
изложувајте го на дожд.
Ако навлезе вода
во алатот, тоа може да го зголеми ризикот од
струен удар.
2.
Не фрлајте ги батериите во оган.
Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален
отпад.
3.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите.
Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
4.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
5.
Не полнете ја батеријата надвор.
6.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
Содержание EN422MP
Страница 3: ...3 1 Fig 9 1 3 2 4 Fig 10 1 Fig 11 1 Fig 12 3 1 2 4 Fig 13 Fig 14 ...
Страница 4: ...4 1 1 Fig 15 1 2 Fig 16 Fig 17 2 3 1 Fig 18 1 2 Fig 19 ...
Страница 5: ...5 1 3 2 4 Fig 20 2 1 Fig 21 1 2 Fig 22 1 2 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 ...
Страница 6: ...6 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 30 Fig 31 Fig 32 1 Fig 33 2 1 Fig 34 ...
Страница 7: ...7 Fig 35 1 2 3 1 Fig 36 2 1 Fig 37 1 Fig 38 ...
Страница 243: ...243 ...