52
МАКЕДОНСКИ
Операција на смукање
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе смукате, треба да ги
прикачите вреќата за прав и млазницата на машината.
ВНИМАНИЕ:
Често проверувајте дали
вреќата за прав е изабена или дотраена.
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите со
машината, проверете дали сте ја зацврстиле
спојката од вреќата за прав.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучете ја машината пред
работа или зацврстување на спојката од вреќата за прав.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога смукате, не користете ја
градинарската млазница.
Смуканите материјали
може да се заглават и да предизвикаат дефект на
машината.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не дозволувајте влажни
материјали, како влажни листови и
надворешни материјали, како на пример
големи деланки од дрво, метали, стакло, ситни
камчиња итн. да бидат всмукани во машината.
Во спротивно, може да дојде до дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
Испразнете ја вреќата за прав
пред да се наполни.
Во спротивно, може да дојде
до дефект.
Држете ја машината со двете раце. Кога работите со
машината, нагодете го прекинувачот за стартување,
така што силата на смукање ќе биде соодветна за
работната локација и условите.
►
Сл.12
Испразнете ја вреќата за прав пред да се преполни,
така што ќе ја отстраните од машината, а потоа ќе ја
извадите спојката.
►
Сл.13:
1.
Спојка
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и касетата за батерија е
извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на машината
Чистете ја машината така што ќе ја бришете
прашината со сува крпа или крпа натопена во
сапуница, па исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Отстранете ги правот или нечистотиите од отворите
за смукање.
►
Сл.14:
1.
Отвор за смукање
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да побарате поправка, прво самите извршете проверка. Ако пронајдете проблем што не е опишан во
упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте помош од овластените
сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.
Состојба на аномалии
Можна причина (дефект)
Поправка
Моторот не работи.
Не е монтирана касетата за
батеријата.
Монтирајте ја касетата за батеријата.
Проблем со батеријата (под напон)
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Моторот запира со работа по
краткотрајна употреба.
Нивото на наполнетост на батеријата
е ниско.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Прегревање.
Запрете со користење на машината за да
оставите време да се излади.
Машината не ја достигнува
максималната брзина.
Батеријата е неправилно монтирана. Монтирајте ја касетата за батеријата како што е
опишано во прирачникот.
Моќта на батеријата опаѓа.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Абнормални вибрации:
веднаш запрете ја машината!
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Моторот не може да запре:
веднаш извадете ја батеријата!
Електричен или електронски дефект. Отстранете ја батеријата и побарајте го
вашиот локален, овластен, сервисен центар за
поправка.
Содержание 0088381897877
Страница 2: ...1 Fig 1 1 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 3 4 Fig 5 1 2 3 Fig 6 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 7 1 Fig 8 1 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 13 1 1 Fig 14 4 ...