48
МАКЕДОНСКИ
18.
Никогаш не дувајте, ниту смукајте опасни
материјали, како шајки, парчиња стакло или
сечила.
19.
Не ракувајте со машината близу до
запаливи материјали.
20.
Избегнувајте работа со машината долго
време во средина со ниска температура.
Одржување и чување
1.
Одржувајте ги сите навртки и завртки
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е во безбедна работна состојба.
2.
Доколку деловите се изабени или оштетени,
заменете ги со делови што ги обезбедува
Makita.
3.
Складирајте ја машината на суво место
надвор од дофат на деца.
4.
Кога ќе ја запрете машината за проверка,
сервисирање, складирање или менување
додатоци, исклучете ја и осигурете се дека
сите подвижни делови целосно запреле и
извадете ја касетата за батеријата. Изладете
ја машината пред да изведувате какви било
работи на неа. Одржувајте ја машината со
внимание и чувајте ја чиста.
5.
Пред да ја складирате, оставете ја машината
да се олади.
6.
Не изложувајте ја машината на дожд.
Складирајте ја машината во затворен
простор.
7.
Кога ќе ја подигнувате машината, свиткајте
ги колената и внимавајте да не си го
повредите грбот.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот.
Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок.
Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош.
Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани.
Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството.
Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Не фрлајте ги батериите во оган.
Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален
отпад.
2.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите.
Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
3.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
4.
Не полнете ја батеријата надвор.
5.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
6.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд.
Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
Сервисирање
1.
Вашиот електричен алат сервисирајте го
кај квалификувано лице за поправки, кое
користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат
и понатаму е безбеден.
2.
Никогаш не сервисирајте оштетени
батерии.
Сервисирањето на батериите треба
да ги извршува само производителот или
овластените сервисери.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
Содержание 0088381897877
Страница 2: ...1 Fig 1 1 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 3 4 Fig 5 1 2 3 Fig 6 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 7 1 Fig 8 1 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 13 1 1 Fig 14 4 ...