18
МАКЕ
Д
ОНСКИ
Регистрирање на магичниот
далечински управувач
Како да го регистрирате далечинскиот
управувач за магично движење
За да го користите Далечинскиот управувач за магично движење,
прво впарете го со вашиот телевизор.
1 Ставете ги батериите во Далечинскиот управувач за магично
движење и вклучете го телевизорот.
2 Насочете го Далечинскиот управувач за магично движење
кон телевизорот и притиснете го копчето
Тркалце (OK)
на
далечинскиот управувач.
* Доколку телевизорот не успее да го регистрира Далечинскиот
управувач за магично движење, обидете се повторно откако ќе
го исклучите и повторно ќе го вклучите телевизорот.
Како да го дерегистрирате далечинскиот
управувач за магично движење
Истовремено притиснете ги копчињата
и
(ПОЧЕТОК)
во траење од пет секунди за да се прекине впарувањето помеѓу
Далечинскиот управувач за магично движење и телевизорот.
* Со притиснување и задржување на копчето
ќе можете
истовремено да го откажете и пререгистрирате Далечинскиот
управувач за магично движење.
Лиценци
Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од
моделот. За повеќе информации околу лиценците, посетете ја
страницата
www.lg.com.
Известување за софтвер
со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите
лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата
http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени
одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на
CD-ROM диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за
вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката
и ракувањето) по доставено e-mail барање до [email protected].
Оваа понуда е валидна три (3) години од датумот на купување на
производот.
Поставување на
надворешен контролен
уред
За добивање информации околу поставувањето на надворешен
контролен уред, посетете ја страницата
www.lg.com.