9
МАКЕ
Д
ОНСКИ
t
Упатство за инсталирање на антенски изолатор (Во зависност
од моделот)
-
Овие напатствија користете ги при инсталирање на
телевизорот на место каде постои напонска разлика помеѓу
телевизорот и заземјувањето (GND) на антенскиот сигнал.
»
Доколку постои напонска разлика помеѓу телевизорот и
заземјувањето (GND) на антенскиот сигнал, антенскиот
контакт може да се загрева и прекумерната топлина може
да предизвика незгода.
-
Можете да ја подобрите безбедноста при гледањето
телевизија преку ефикасно отстранување на напонот од TV
антената. Се препорачува изолаторот да го поставите кај
ѕидот. Доколку тој не може да се постави кај ѕидот, поставете
го кај телевизорот. Избегнувајте да го откачувате антенскиот
изолатор по инсталирањето.
-
Пред започнувањето, обрнете внимание TV антената да
биде поврзана.
ANTENNA/
CABLE IN
Ѕид
Кабел /
Антена
или
Изолатор
1. Поврзете на телевизор.
2. Поврзете на дигитален приемник.
Поврзете го едниот крај на изолаторот со приклучокот за кабел/
антена, а другиот со телевизорот или дигиталниот приемник.
““Опремата поврзана на заштитното заземјување од инсталацијата
на зградите преку поврзување со електричната мрежа или преку
друга опрема со врска до заштитното заземјување - и поврзана
на кабелски дистрибутивен систем со користење на коакцијален
кабел, во одредени околности може да предизвика опасност од
пожар. Заради ова, поврзувањето со кабелски дистрибутивен
систем треба да се обезбеди преку уред кој обезбедува електрична
изолација под одреден фреквентен опсег (галвански изолатор,
погледнете EN 60728-11)”
По поставување на RF изолаторот, може да дојде до мала загуба на
чувствителноста на сигналот.
ВНИМАНИЕ
t
За да обезбедите сигурно и долготрајно користење, немојте да
користите неодобрени предмети.
t
Какви било оштетувања или повреди настанати заради
употреба на неодобрени предмети не се опфатени со
гаранцијата.
t
Одредени модели на екранот имаат прилепен тенок слој и тој
не смее да се отстранува.
t
При прикачување на држачот на телевизорот, екранот
поставете го со лицето надолу на маса или рамна површина со
мека подлога за да се заштити екранот од гребење.
t
Обрнете внимание завртките да бидат правилно вметнати
и безбедно прицврстени. (Доколку тие не се доволно
прицврстени, телевизорот може да се накоси нанапред по
инсталирањето.) Немојте да употребувате премногу сила и
премногу да ги затегнувате завртките; во спротивно тие може
да се оштетат и да не бидат правилно прицврстени.
t
Исцедете ја прекумерната количина на вода или средство за
чистење од ткаенината.
t
Немојте да прскате со вода или средство за чистење директно
врз екранот на телевизорот.
t
Испрскајте доволно количина на вода или средство за чистење
на сува ткаенина за да го избришете екранот.
t
Кога го чистите производот, внимавајте да не навлезе течност
или друг предмет во отворот помеѓу горната, левата или
десната страна од панелот и водечкиот панел. (Во зависност
од моделот)
Одделно купување
Додатоците со одделно купување можат да бидат променети
заради подобрување на квалитетот без претходно известување.
Обратете се до вашиот продавач за да ги набавите овие елементи.
Овие уреди работат само со одредени модели. Името на
моделот или дизајнот може да бидат променети во зависност
од ажурирањето на функциите на производот, потребите или
политиките на производителот.
(Во зависност од моделот)
AG-F***
Очила за 3D кино
AN-MR650
магичниот далечински управувач
AN-VC550
Смарт камера
AG-F***DP
Очила за двојно играње