МАКЕ
ДОНСКИ
9
Поврзувања
(известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот
и менувајте ги режимите за влезен сигнал за да изберете
надворешен уред. За повеќе информации околу поврзувањето на
надворешен уред, погледнете во упатството испорачано со секој
од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR,
аудио системи, USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други
надворешни уреди.
•
Поврзувањето со надворешниот уред може да се разликува во
зависност од моделот.
•
Надворешните уреди поврзувајте ги со телевизорот без оглед
на редоследот на TV приклучокот.
•
Ако снимате TV програма на DVD рекордер или VCR, кабелот
за влезен сигнал во телевизорот поврзете го преку DVD
рекордерот или VCR уредот. За повеќе информации околу
снимањето, погледнете во упатството испорачано со секој од
поврзаните уреди.
•
Упатства за ракување побарајте во прирачникот за
надворешната опрема.
•
Ако сакате да поврзете уред за игри со телевизорот, користете
го кабелот испорачан со уредот за игри.
•
Во PC режим, може да има шум поврзан со резолуцијата,
вертикалната шема, контрастот или осветленоста. Ако е
присутен шум, сменете го PC излезот на друга резолуција,
сменете ја стапката на обновување со друга стапка, или
прилагодувајте ги осветленоста и контрастот во менито СЛИКА
додека сликата не биде јасна.
•
Во PC режим, некои подесувања за резолуцијата може да
не функционираат правилно во зависност од графичката
картичка.
•
Ако на вашиот PC се репродуцираат ULTRA HD содржини, видео
или аудио записите може повремено да бидат испрекинати
во зависност од перформансите на вашиот PC. (Во зависност
од моделот)
•
Кога вршите поврзување преку кабелски LAN, препорачливо е
да користите кабел CAT 7.
Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со ѕиден приклучок за антена со RF кабел
(75 Ω).
•
За користење на повеќе од 2 телевизори употребете разделник
на сигнал.
•
Ако квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте
засилувач на сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
•
Ако квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена,
обидете се да ја насочите антената во правилна насока.
•
Кабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
•
Поддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus,
HE-AAC
•
За локација која не е поддржана со ULTRA HD емитување, овој
телевизор не може директно да прима ULTRA HD емитувања.
(Во зависност од моделот)
Поврзување со сателитска антена
(Само за сателитските модели)
Поврзете го телевизорот со сателитска антена преку приклучокот
за сателитска антена со сателитски RF кабел (75 Ω).
Поврзување на CI модул
(Во зависност од моделот)
За гледање на кодирани услуги (со плаќање) во дигитален TV
режим.
•
Проверете дали CI модулот е вметнат во отворот за PCMCIA
картичка во правилна насока. Ако модулот не е вметнат
правилно, тоа може да предизвика оштетување на
телевизорот и на отворот за PCMCIA картичка.
•
Доколку телевизорот не прикажува никаков видео и аудио
сигнал кога е поврзан CI+ CAM, ве молиме обратете се до
вашиот оператор за копнена/кабелска/сателитска услуга.
USB поврзување
Одредени USB хаб уреди (USB Hubs) може да не функционираат.
Ако USB уред кој е поврзан преку USB хаб не може да се препознае,
директно поврзете го на USB приклучокот од телевизорот.
Други поврзувања
Поврзете го вашиот телевизор со надворешни уреди. За најдобар
квалитет на сликата и звукот, поврзете ги надворешниот уред и
телевизорот со HDMI кабел. Одделни кабли не се испорачуваат.
•
Општо HDMI ULTRA HD Deep Colour
-
Вклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz (4:4:4, 4:2:2, 4:2:0)
-
Исклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz 8 бита (4:2:0)
Доколку уредот што е поврзан на портот Влез поддржува и
ULTRA HD Deep Colour, сликата ќе биде појасна. Но, доколку не
поддржува, нема да работи правилно. Во тој случај, поврзете
го уредот на друга HDMI-порта или сменете го подесувањето за
HDMI ULTRA HD Deep Colour
од телевизорот на Исклучено.
•
Поддржан HDMI аудио формат :
Dolby Digital / Dolby Digital Plus (32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz),
DTS (44,1 kHz, 48 kHz),
PCM (32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz, 96 kHz, 192 kHz)
(Во зависност од моделот)
Содержание 43UJ63 series
Страница 16: ......
Страница 32: ......
Страница 48: ......
Страница 64: ......
Страница 80: ......
Страница 96: ......
Страница 112: ......
Страница 128: ......
Страница 144: ......
Страница 160: ......
Страница 176: ......
Страница 192: ......
Страница 208: ......
Страница 224: ......
Страница 240: ......
Страница 256: ......
Страница 272: ......
Страница 288: ......
Страница 289: ......
Страница 290: ......
Страница 291: ......