234
| Македонски
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика A)
Всисувачот за прав
(8)
е наменет само за работење со
основна брусна плоча
(9)
, не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав
(8)
(опрема)
извадете ги алатот за вметнување и граничникот за
длабочина
(15)
.
Вметнете го всисувачот за прав
(8)
до крај преку
прифатот за алат
(4)
на затезното грло на електричниот
алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната
позиција (не директно под електричниот алат).
Притиснете го затегнувачкиот лост
(16)
, за да се фиксира
всисувачот за прав.
Вметнете го адаптерот за всисување
(18)
на цревото за
всисување
(19)
на млазниците за всисување
(17)
.
Поврзете го цревото за всисување
(19)
со всисувач за
прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различни всисувачи за
прав ќе го најдете на графичката страница.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
u
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
u
Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За
вклучување
на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(1)
нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави
„I“
.
За
исклучување
на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(1)
наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави
„0“
.
GOP 40-30: Работната светилка ја подобрува видливоста
на самото работно место. Таа се вклучува и исклучува
автоматски со електричниот алат.
u
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации
(2)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти
материјали како на пр. дрво или метал се препорачува
степен за број на осцилации „6“, а за меки материјали
како на пр. пластика степен на број на осцилации „4“.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена:
Не ги затворајте процепите за вентилација
(3)
на електричниот алат за време на работата, инаку се
намалува животниот век на електричниот алат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000 пати во минута. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работењето ќе се влоши и алатот
што се вметнува може да се блокира.
1 609 92A 5NS | (04.06.2020)
Bosch Power Tools
Содержание GOP 30-28 Professional
Страница 3: ... 3 GOP 30 28 1 2 3 4 5 6 7 8 9 6 7 10 11 Bosch Power Tools 1 609 92A 5NS 04 06 2020 ...
Страница 4: ...4 GOP 40 30 1 2 3 4 12 13 14 15 5 8 9 10 11 1 609 92A 5NS 04 06 2020 Bosch Power Tools ...
Страница 5: ... 5 GOP 55 36 1 2 3 4 12 14 15 5 8 9 10 11 Bosch Power Tools 1 609 92A 5NS 04 06 2020 ...
Страница 321: ... 321 2 608 000 636 2 608 000 590 2 608 000 683 Bosch Power Tools 1 609 92A 5NS 04 06 2020 ...
Страница 322: ...322 1 609 92A 5NS 04 06 2020 Bosch Power Tools ...