Македонски |
113
Bosch Power Tools
1 609 92A 35E | (19.9.16)
Поставување на текот на лентата (види слика D)
Текот на лентата поставувајте го само доколку
електричниот апарат е исклучен од струја.
Вртете го шрафот за подесување
1
додека брусната лента
12
не легне центрирано на валјакот за промена на
правецот
13
.
Избор на брусна лента
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање на површината, на располагање ви се
различни брусни ленти:
Напомена:
Во зависност од видот на употребата и
материјалот што се обработува може да користите
еластични или нееластични брусни ленти.
Менување на рачката за брусење
(види слика E)
– Извадете ја брусната лента
12
(види дел „Менување на
брусната лента“).
– Отшрафете го шрафот за подесување
1
и извадете ја
рачка за брусење
16
.
– Наместете ја новата рачка за брусење
16
и зацврстете
ја со шрафот за подесување
1
.
– Внимавајте на тоа, рачката за брусење
16
да е
монтирана како на слика E во правилна ориентација.
– Поставете ја брусната лента
12
(види дел „Менување на
брусната лента“).
– Поставете го текот на лентата (види дел „Поставување
на текот на лентата“).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За
ставање во употреба
на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување
4
нанапред.
За да го
исклучите
електричниот апарат, турнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
4
наназад.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на брзината на движење на
лентата
Користете брзина на движење на лентата соодветна
на намената, за да избегнете оштетување на
материјалот.
Со копчето за подесување на брзината на движење на
лентата
6
може да ја изберете потребната брзина на
движење на лентата и за време на користењето на
апаратот.
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Доколку користите волнена лента, поставете
максимален степен на број на вртежи 4. Инаку
волнената лента ќе стане жешка.
Совети при работењето
Капацитетот на отстранување при брусење на површини,
во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и
претходно избраната брзина на движење на лентата.
Работете со што е можно помал притисок на површината,
за да го продолжите рокот на употреба на брусните ленти.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусната лента.
Работете со умерени движења, вршете го брусниот
процес паралелно и со преклопување кон брусните шини.
За постигнување на перфектна површина, не користете
брусни ленти со гранулација поголема од едно зрно.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат за
добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Прицврстете го електричниот апарат на работната
маса.
Прицврстените електрични апарати и острите
алати за вметнување може да предизвикаат тешки
повреди.
Складирање на брусните средства
Брусните средства складирајте ги во оригиналното
пакување на собна температура од 15 °C – 25 °C и
40 % – 70 % влажност на воздухот.
Не ги складирајте брусните средства на бетонско дно, во
близина на отворени прозори и греење.
Не ги виткајте брусните ленти, бидејќи ќе станат
неупотребливи.
Гранулација
За брусење на суви материјали
и пред-брусење
грубо
40, 60
За структурирање и
израмнување на мали
нерамнини
средно 80, 120
За фино структурирање
фино
180
Ленти со волна
Полирање
Ленти со волна
OBJ_BUCH-1841-004.book Page 113 Monday, September 19, 2016 9:38 AM