118
| Македонски
Безбедносни предупредување за столна
брусилка
u
Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред
секоја употреба, проверете ја дополнителната
опрема, како што се абразивните дискови за
иверки и струготини. По проверката или
инсталирањето на дополнителна опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
рамнината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута.
Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
u
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат.
Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
u
Не брусете странично на брусниот диск.
Страничното брусење може да го скрши дискот и да се
распрска насекаде.
Носете заштитни очила.
u
Не го оставајте настрана алатот, доколку не е
целосно во состојба на мирување.
Електричните
алати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
u
Добро чувајте го некористениот електричен алат и
дополнителната опрема. Местото на складирање
мора да биде суво и затворено.
Ова го спречува
оштетувањето на електричниот уред за време на
складирањето или тој да биде ракуван од страна на
неискусни лица.
u
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични алати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во
безбедноста на електричниот алат.
u
Приклучете го апаратот на прописно заземјена
струјна мрежа.
Приклучницата и продолжниот кабел
мора да имаат функционален заштитен проводник.
u
Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
u
Заштитете го брусниот алат од удар, и маснотии.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со рацете во полето
на брусното тркало, додека работи
електричниот алат.
При контакт со
брусното тркало постои опасност од
повреда.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
предизвика губење на слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни ракавици.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства.
Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е определен за острење на алати како
и за брусење и отстранување на остатоци на металот.
Електричниот алат може да се користи само кратко време
(макс. 60 min).
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Покривка
(2)
Затезна навртка
(3)
Стезна прирабница
(4)
Приклучна прирабница
(5)
Брусно вретено
(6)
Заштитен капак
1 609 92A 7Y2 | (31.05.2022)
Bosch Power Tools