116
| Srpski
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира
температурата на вметнатата батерија. Доколку
температурата на батеријата е над околу 0 °C, таа ќе се
олади со помош на вентилаторот. Притоа вклучениот
вентилатор создава звук на проветрување.
Доколку вентилаторот работи, тој е дефектен или
температурата на батеријата изнесува <0 °C. Притоа
може да се продолжи времето на полнење.
Процес на полнење
Режим Power Boost
Со Power Boost батериите се полнат во режим на брзо
полнење до околу 50 % капацитет на батеријата. Со тоа
овие батерии за кратко време можат да се користат, за
разлика од полнењето во стандарден режим.
Со Power Boost батеријата се полни со висока струја на
полнење, која потоа градуално се намалува.
Доколку батеријата останува во полначот, таа автоматски
се полни понатаму во режимот на животен век до околу
80 % капацитет на батеријата.
стандарден режим на полнење
батеријата ќе се полни до околу 100 % капацитет на
батеријата. Стандардниот режим на полнење е
најдобрата комбинација од побрзо време на полнење и
комплетно полнење на батеријата. Стандардниот режим
на полнење го оптимизира животниот век на батеријата.
Режим на животен век
Батеријата ќе се полни до околу 80 % капацитет на
батеријата. Притоа батеријата заштитено ќе се полни, но
и побавно. Ова значително го продолжува животниот век
на батеријата.
Режим на транспортирање
Режимот на транспортирање е конципиран исклучиво за
авионски превоз. Батеријата ќе се полни до околу 30 %
капацитет на батеријата и така може да се испрати според
регулативата IATA.
Напомена:
Батерија со повеќе од 30 % капацитет не
може да се испразни.
Режим на долгорочно складирање
Режимот на долгорочно складирање е конципиран
исклучиво за долги периоди на складирања (6 или
повеќе месеци). Батеријата се полни само до околу 50 %
капацитет на батеријата и со тоа може да се складира
долго време без да се користи.
Напомена:
Батерија со повеќе од 50 % капацитет не
може да се испразни.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да го
избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Полначите, опремата и амбалажите треба да се отстранат
на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте полначите во домашната канта
за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕУ за
електрични и електронски стари уреди и нивна
национална употреба, полначите што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Srpski
Bezbednosne napomene
Pročitajte sve
bezbednosne napomene i
uputstva.
Propusti u
poštovanju bezbednosnih
napomena i uputstava
mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške
povrede.
1 609 92A 4EH | (24.10.2018)
Bosch Power Tools