![AEG MSB2547D Скачать руководство пользователя страница 256](http://html1.mh-extra.com/html/aeg/msb2547d/msb2547d_user-manual_3048568256.webp)
• За чистење на металните површини
употребете вообичаено средство за
чистење.
• Чистете ја внатрешноста на апаратот
по секоја употреба. Потоа можете
полесно да ја отстраните нечистотијата
и истата нема да изгори.
• Тврдокорната нечистотија исчистете ја
со специјално средство за чистење.
• Сите додатоци чистете ги редовно и
оставете ги да се исушат. Користете
мека крпа натопена со топла вода и
средство за чистење.
• За да го омекнете стврднатите
остатоци, зовријте чаша со вода во
микробрановата рерна на максимална
јачина со времетраење од 2 до 3
минути.
• За да ги отстраните лошите мириси,
измешајте чаша вода со 2 мали лажици
лимонов сок и вријте ја во
микробрановата рерна на максимална
јачина во времетраење од 5 минути.
11. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
11.1 Што да направите ако...
Проблем
Можна причина
Решение
Апаратот не работи.
Апаратот е исклучен.
Вклучете го апаратот.
Апаратот не работи.
Апаратот не е вклучен во штекерот.
Вклучете го апаратот.
Апаратот не работи.
Прегорен е осигурувач во таблата.
Проверете го осигурувачот. Ако
осигурувачот избие повеќе пати,
повикајте квалификуван електричар.
Апаратот не работи.
Вратата не е правилно затворена.
Проверете дали нешто ја блокира
врата.
Светлото не работи.
Светлото не е исправно.
Светлото треба да се замени.
На екранот се прикажува
.
Вклучена е Безбедносната брава за
деца.
Исклучете ја Безбедносната брава за
деца. Држете го
во траење од 3
секунди.
Во внатрешноста
светкаат искри.
Има метални садови или садови со
метални украси.
Извадете го садот од апаратот.
Во внатрешноста
светкаат искри.
Има метални ражени или
алуминиумска фолија која допира на
ѕидовите во внатрешноста.
Проверете дали ражените и фолијата
ги допираат ѕидовите во
внатрешноста.
Комплетот со чинијата за
вртење произведува бука
како гребење или
мелење.
Има предмет или нечистотија под
стаклената чинија за готвење.
Исчистете ја површината под
стаклената чинија за готвење.
Апаратот престанува да
работи без јасна причина.
Има дефект.
Ако оваа ситуација се повторува,
повикајте го овластениот сервисен
центар.
256 МАКЕДОНСКИ