24
MK
ПРИКАЗ НА ПРОИЗВОДОТ
РАБОТЕЊЕ НА УРЕДОТ
термостат
*Сите слики во ова упатство за употреба се прикажани исклучиво во илустративни цели; за точниот изглед, погледнете го
Вашиот уред.
стаклена полица
мала преграда
голема преграда
стаклема полица за зеленчук
кошница за зеленчук
прилагодива ногарка
Вклучување на Вашиот уред
• Копчето за избор на температура се наоѓа на десниот
ѕид, во внатрешноста на фрижидерот Поставување на
„Min“: Помала јачина на ладење Поставување на „Med“ :
Нормално работење (соодветно во повеќето ситуации)
Поставување на „Max“: Најсилно ладење
• При високи собни температури, на пр. во текот на жешките
летни денови, може да биде потребно термостатот да се
постави на најсилно ладење (позиција „Max“). Ова може да
доведе до непрекинато работење на компресорот со цел
одржување на ниска температура во уредот.
• При иницијалното поставување на уредот, копчето на
термостатот поставете го на „Med“. Пред да започнете со
внесување храна, оставете фрижидерот потполно да се
олади. Најдобро е да се почекаат 24 часа пред ставањето
храна во фрижидерот. Со копчето на термостатот се
контролира температурата.
Бучава во внатрешноста на уредот!
Можеби ќе забележите дека Вашиот уред прави одредени
необични звуци. Повеќето споменати звуци се нормални, но
потребно е да бидете свесни за нив!
Звуците настануваат при циркулирање на течното
средство за ладење во рамки на системот за ладење. Ова
е поизразена појава по воведувањето на гасови кои не
содржат хлорофлуоројаглероди (ХФЈ). Ова не претставува
грешка и нема да влијае врз работењето на Вашиот
уред. Станува збор за звук од работењето на моторот на
компресорот при пумпање на средството за ладење низ
системот.
Совети за чување на храна во уредот
• Термички обработеното месо/риба треба секогаш да се
складира на полицата над сировото месо/риба како би
се избегнало расејување на бактерии. Сировото месо/
риба држете го во сад кој е доволно голем за да ги задржи
соковите од месото. Садот соодветно поклопете го и
ставете го на најниската полица.
• Оставете растојание помеѓу храната како би овозможиле
циркулирање на воздухот во уредот. Уверете се дека сите
делови на уредот се разладени.
• Како би спречиле пренесување на мириси и сушење,
храната засебно пакувајте ја или поклопувајте ја. Овошјето
и зеленчукот не е потребно да се завиткува.
• Претходно термички обработената храна секогаш
оставете ја да се олади пред да ја внесете во уредот. На тој
начин помагате да се одржи внатрешната температура на
уредот.
• Како би го спречиле губењето на ладен воздух од уредот,
обидете се да го ограничите бројот на отворања на
вратата. Ви препорачуваме вратата да ја отворате само
кога е потребно да ставите храна во уредот или да ја
извадите од него.
Summary of Contents for RS2400M
Page 2: ......
Page 21: ...21 MK 1 2 3 4 5 8 6 7 8 9 10 1 2 10 cm 10 cm 30 cm...
Page 22: ...22 MK 3 A 6 7 8 9 4 5 45...
Page 23: ...23 MK W D 902 1052mm 24 W D...
Page 24: ...24 MK Min Med Max Max Med 24...
Page 25: ...25 MK Frost free...
Page 26: ...26 MK 3 5 mm...
Page 39: ......
Page 40: ...tesla info...