23
MK
Потребен простор за вратата
Внатрешни пропратни елементи
Нивелирање на уредот
Чистење пред употреба
Пред употреба на уредот
Потребно е да се остави доволно простор за отворање на
вратата на уредот како што е прикажано на сликата.
W×D≥902×1052mm
Вашиот уред содржи различни стаклени или пластични
полици за складирање – комбинациите се разликуваат во
зависност од моделот.
Една од стаклените полици за складирање, која ја зазема
комплетната површина на уредот, треба секогаш со лизгање
да ја вметнете на најниското ниво, над преградата за овошје
и зеленчук, и да ја оставите на тоа место. Ова направете
го така што ќе ја повлечете полицата за складирање кон
напред, до положба во која е можно нејзино ротирање кон
горе или долу и отстранување.
За да ја поставите полицата на некоја друга висина, следете
ги горенаведените чекори, но во спротивен редослед.
Се врши со прилагодување на двете
ногарки за нивелирање, кои се
наоѓаат на предната страна на уредот.
Доколку уредот не е изнивелиран,
вратата и магнетната заптивка нема
да бидат правилно споени.
Пред употреба проверете дали
ногарките ја допираат подлогата.
Гледано одозгора, вртете во насока на движење на
стрелките на часовникот или во насока спротивна од
движењето на стрелките на часовникот заради отпуштање
или затегнување.
Внатрешноста на уредот избришете ја со слаб раствор од
сода бикарбона. Потоа измијте ја со топла вода со помош
на сунѓер или крпа што може да се исцеди. Полиците и
преградата за салати измијте ги со топла вода со сапуница
и целосно исушете ги пред повторно да ги поставите
во уредот. Надворешниот дел на уредот исчистете го со
влажна крпа. Доколку Ви се потребни повеќе информации,
погледнете го одделот Чистење.
Како би ја осигурале безбедноста при употреба, во никој
случај не го оштетувајте кабелот за напојување и не го
употребувајте уредот доколку кабелот е оштетен или
приклучокот е истрошен.
За да спречите оштетувања на производот или појава на
пожар, не ставајте запаливи, експлозивни и испарувачки
предмети кои лесно кородираат.
За да избегнете појава на пожар, не ставајте запаливи
предмети во близина на фрижидерот.
Овој производ е фрижидер наменет за употреба во
домаќинството и е погоден исклучиво за чување на храна.
Според националните стандарди, фрижидерите наменети
за употреба во домаќинството не смеат да се користат во
никакви други цели, какви што се складирањето на крв,
лекови или биолошки производи.
Во замрзнувачот не ставајте предмети какви што се течности
во шише или во затворени садови, од типот на флаширани
пива или пијалоци, како би избегнале нивно пукање и други
штети.
Пред да ставите каква било храна во уредот, вклучете го и
почекајте 24 часа, како би биле сигурни дека
работи соодветно и дека е постигната соодветната
температура. Уредот не треба да се преполнува.
• Пред поврзување во струја
Морате да проверите дали има штекер кој е
компатибилен со приклучокот доставен со уредот.
• Пред да го вклучите уредот!
Уредот не го вклучувајте барем два часа по
неговото пренесување.
Како би го искористиме максимално просторот
во преградата за чување на свежа храна и во
преградата за чување на замрзната храна, можете
да отстраните една или повеќе полици и фиоки
од уредот, во зависност од Вашите секојдневни
потреби.
W
D
Summary of Contents for RS2400M
Page 2: ......
Page 21: ...21 MK 1 2 3 4 5 8 6 7 8 9 10 1 2 10 cm 10 cm 30 cm...
Page 22: ...22 MK 3 A 6 7 8 9 4 5 45...
Page 23: ...23 MK W D 902 1052mm 24 W D...
Page 24: ...24 MK Min Med Max Max Med 24...
Page 25: ...25 MK Frost free...
Page 26: ...26 MK 3 5 mm...
Page 39: ......
Page 40: ...tesla info...