10
Македонски
Одржување
Чистење
Чистете ја печката редовно за да спречите наталожување на нечистотии на или во печката. Исто така,
добро внимавајте на вратата, заштитата на вратата, вртливата плоча и кружниот прстен (само за моделите
кај кои е применливо).
Ако вратата не се отвора или затвора непречено, прво проверете дали на заштитата на вратата се
наталожиле нечистотии. Исчистете ја надворешната и внатрешната страна на печката со мека крпа и
сапуница. Исплакнете и исушете добро.
Како да отстраните тврдокорни нечистотии со лоша миризба во внатрешноста на печката
1.
Кога печката е отворена, ставете чаша со разблажен лимонов сок во центарот на вртливата плоча.
2.
Загрејте ја печката 10 минути на максимална моќ.
3.
По завршување на циклусот, почекајте да се излади печката. Потоа, отворете ја вратата и исчистете го
просторот за готвење.
Чистење на внатрешноста на моделите со подвижен грејач
A
За да ја исчистите горната површина на просторот за
готвење, спуштете го горното грејно тело за 45°
(A)
како
што е прикажано. На овој начин ќе можете полесно да ја
исчистите горната површина. Кога ќе завршите, вратете
го горното грејно тело во својата положба.
ВНИМАНИЕ
• Вратата и површината за затворање треба да бидат чисти и погрижете се вратата да се отвора и
затвора непречено. Во спротивно, работниот век на печката може да се намали.
• Внимавајте да не истурите вода во отворите на печката.
• Не користете какви било абразивни или хемиски супстанции за чистење.
• По секое користење на печката, користете благ раствор од детергент за да го исчистите просторот за
готвење, откако печката ќе се излади.
Замена (поправка)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оваа печка нема делови кои корисникот може сам да ги замени. Не обидувајте се сами да ѝ менувате
делови или да ја поправате печката.
• Ако настане проблем со шарките, површината на затворање и/или вратата, обратете се кај
квалификувано техничко лице или во локалниот сервисен центар на Samsung за да добиете техничка
помош.
• Ако сакате да ја замените светилката, обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung. Не
заменувајте ја самите.
• Ако настане проблем со надворешното куќиште на печката, прво исклучете го кабелот за напојување
од изворот за напојување, а потоа обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung.
Заштита од неактивност во долги временски периоди
Ако печката не се користи долг временски период, исклучете го кабелот за напојување и преместете ја
печката на суво место без прав. Наталожувањето на прав и влага во внатрешноста на печката може да
влијае врз перформансите на печката.
Одржување
MG22M8054AK_OL_DE68-04445G-01_MK.indd 10
2017-11-29 5:15:30
Summary of Contents for MG22M8054A Series
Page 38: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 38 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 39: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 39 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 118: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 38 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 119: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 39 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 159: ...Notă MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_RO indd 39 2017 11 29 5 15 16 ...
Page 199: ...Shënime MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SQ indd 39 2017 11 29 5 14 39 ...
Page 239: ...Beleška MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SR indd 39 2017 11 29 5 14 20 ...
Page 279: ...Beležka MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SL indd 39 2017 11 29 5 14 56 ...
Page 318: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 38 2017 11 29 5 16 12 ...
Page 319: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 39 2017 11 29 5 16 12 ...