Nokia 6.2 Упатство за корисникот
страни, преземете соодветни мерки
на претпазливост. HMD Global не
поддржува или презема одговорност за
таквите веб-сајтови.
ВОЗИЛА
Радиосигналите може да влијаат на неправилно инсталирани или несоодветно заштитени
електронски системи во возилата. За повеќе информации, проверете кај производителот
на возилото или неговата опрема. Само овластен персонал треба да го инсталира уредот
во возило. Неправилното инсталирање може да биде опасно и да ја поништи вашата
гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на безжичниот уред во вашето
возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи
или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Не
ставајте го уредот или додатоците во зоната на отворање на воздушните перничиња.
ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДИНИ
Исклучувајте го уредот во потенцијално експлозивни средини, како во близина на
бензински пумпи. Искрите може да предизвикаат експлозија или пожар коишто може
да резултираат со повреда или смрт. Почитувајте ги ограничувањата во зони со гориво,
хемиски погони или на места каде што се врши минирање. Зоните со потенцијално
експлозивна средина може да не бидат јасно означени. Обично тоа се зони каде што сте
советувани да го исклучите моторот, под палубата на бродовите, објекти за трансфер
или складирање хемикалии и места каде што воздухот содржи хемикалии или честички.
Проверете кај производителите на возила што користат течен нафтен гас (како што се
пропан или бутан) дали овој уред може безбедно да се користи во нивна близина.
ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови.
Вашиот мобилен уред е радиопредавател и приемник. Тој е дизајниран да не ги надминува
границите за изложување на радиобранови (радиофреквентни електромагнетни полиња),
препорачани со меѓународните упатства од независната научна организација ICNIRP. Овие
упатства вклучуваат значителни безбедносни маргини наменети да ја осигурат заштитата
на сите лица, без оглед на возраста и здравјето. Упатствата за изложеност се темелат на
специфична стапка на апсорпција (SAR), која го изразува количеството радиофреквентна
(RF) енергија на која се изложува главата или телото кога уредот емитува. Ограничувањето
за SAR на ICNIRP за мобилни уреди е 2,0 W/kg усреднети на 10 грама ткиво.
Тестовите за SAR се изведени со уредот поставен во стандарди позиции на ракување,
емитувајќи на највисокото сертифицирано ниво на моќност, во сите фреквентни опсези.
За максималните вредности за SAR на уредот, погледнете на
Овој уред ги исполнува упатствата за изложеност на радиофреквентно зрачење кога
се користи до главата или кога е поставен на растојание од најмалку 5/8 инчи (1,5
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани.
55