![Nokia 6.2 Manual Download Page 52](http://html.mh-extra.com/html/nokia/6-2/6-2_manual_255258052.webp)
Nokia 6.2 Упатство за корисникот
Симболот со прецртана канта со тркала кој стои на вашиот производ, батерија, литература
или пакување ве потсетува дека сите електрични или електронски производи и батерии
мора да се однесат на место за сортирано собирање на крајот од нивниот работен
век. Не фрлајте ги овие производи како несортиран комунален отпад: однесете ги на
рециклирање. За информации за најблиските места за рециклирање, проверете кај
локалните власти за управување со отпад.
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈАТА И ПОЛНАЧОТ
Информации за батеријата и полначот
За да проверите дали телефонот има батерија што може или што не може да се отстрани,
видете во упатството Почеток.
Уреди со батерија што може да се отстрани
Користете го уредот само со оригинална
батерија што може повторно да се полни. Батеријата може да се полни и празни стотици
пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за разговор и мирување ќе станат
значително пократки од нормалното, заменете ја батеријата.
Уреди со батерија што не може да се отстрани
Не обидувајте се да ја отстраните
батеријата, бидејќи може да го оштетите уредот. Батеријата може да се полни и празни
стотици пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за разговор и мирување ќе
станат значително пократки од нормалното, однесете го уредот во најблискиот овластен
сервис за да ви ја заменат батеријата.
Полнете го уредот со компатибилен полнач. Типот на приклучокот на полначот може да се
разликува. Времето на полнење зависи од можностите на уредот.
Безбедносни информации за батеријата и полначот
Откако ќе се наполни уредот, исклучете го полначот и од уредот и од штекерот за струја.
Имајте предвид дека континуираното полнење не треба да трае подолго од 12 часа. Ако не
се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби полнењето со текот на времето.
Екстремните температури ги намалуваат капацитетот и работниот век на батеријата. За
оптимални перформанси, секогаш чувајте ја батеријата на температура помеѓу 15°C и
25°C (59°F и 77°F). Уред со жешка или ладна батерија може привремено да не работи.
Имајте предвид дека на ниски температури батеријата може брзо да се празни и да изгуби
доволно енергија за да се исклучи телефонот за само неколку минути. Кога сте надвор на
ниски температури, чувајте го телефонот на топло.
Почитувајте ги локалните прописи. Рециклирајте секогаш кога можете. Не фрлајте ја
батеријата како отпад од домаќинството.
Не изложувајте ја батеријата на исклучително низок воздушен притисок и не оставајте ја на
исклучително висока температура, на пример да ја фрлите во оган, бидејќи така батеријата
може да експлодира или од неа да протече запалива течност или гас.
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани.
52