![Nokia 6.2 Manual Download Page 51](http://html.mh-extra.com/html/nokia/6-2/6-2_manual_255258051.webp)
Nokia 6.2 Упатство за корисникот
• Не испуштајте го, не удирајте го и не
тресете го уредот или батеријата.
Грубото ракување може да го скрши.
• Користете само мека, чиста и сува крпа
за чистење на површината на уредот.
• Не обојувајте го уредот. Бојата може да
спречи правилно функционирање.
• Држете го уредот подалеку од магнети
или магнетни полиња.
• За безбедно чување на важните
податоци, складирајте ги на најмалку
две одделни места, како што се уредот,
мемориска картичка или компјутер, или
запишете ги важните информации.
За време на продолжена работа, уредот може да се загрее. Во најголем број од случаите,
ова е нормално. За да избегнете прегревање, уредот може автоматски да ја забави
работата, да затвори апликации, да го исклучи полнењето или, ако е потребно, самиот да
се исклучи. Ако уредот не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.
РЕЦИКЛИРАЊЕ
Секогаш враќајте ги искористените електронски производи, батерии и материјали за
пакување на места наменети за собирање. На овој начин помагате во спречувањето
на неконтролираното отстранување на отпадот и го промовирате рециклирањето
на материјалите. Електричните и електронските производи содржат многу вредни
материјали, вклучувајќи метали (како што се бакар, алуминиум, челик и магнезиум) и
благородни метали (како што се злато, сребро и паладиум). Сите материјали од уредот
можат да се искористат како материјали и енергија.
СИМБОЛ СО ПРЕЦРТАНА КАНТА СО ТРКАЛА
Симбол со прецртана канта со тркала
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани.
51