![Nokia 6.2 Manual Download Page 50](http://html.mh-extra.com/html/nokia/6-2/6-2_manual_255258050.webp)
Nokia 6.2 Упатство за корисникот
• Вклучете го телефонот.
• Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
• Поместете се на место со соодветна јачина на сигналот.
На почетниот екран, допрете на
�
.
1. Внесете го официјалниот број за итни случаи што важи за местото каде што се наоѓате
во моментот. Броевите за итни повици се разликуваат според локацијата.
2. Допрете на
�
.
3. Наведете ги потребните информации колку што е можно поточно. Не прекинувајте го
повикот додека не добиете дозвола да го направите тоа.
Можеби ќе треба да го направите и следново:
• Да ставите SIM-картичка во телефонот. Доколку немате SIM-картичка, на заклучениот
екран допрете на Итен повик .
• Доколку телефонот бара да внесете ПИН-код, допрете на Итен повик .
• Исклучете ги ограничувањата за повици во телефонот, како што се забраните на повик,
фиксното бирање или затворената група.
• Доколку мобилната мрежа не е достапна, може да се обидете да направите повик преку
интернет, ако имате пристап до интернет.
ГРИЖА ЗА УРЕДОТ
Внимателно ракувајте со уредот, батеријата, полначот и додатоците. Следниве предлози
помагаат да го одржите уредот во функција.
• Чувајте го уредот сув. Врнежите,
влажноста и сите видови течности
или влага може да содржат минерали
што предизвикуваат корозија на
електронските кола.
• Не користете го и не чувајте го уредот на
правливи или нечисти места.
• Не чувајте го уредот на висока
температура. Високите температури
може да го оштетат уредот или
батеријата.
• Не чувајте го уредот на ниска
температура. Кога уредот ќе се загрее
до својата нормална температура, во
внатрешноста на уредот може да се
формира влага и да го оштети.
• Не отворајте го уредот на друг начин
освен онака како што е наведено во
упатството за корисникот.
• Неодобрените модификации може да
го оштетат уредот и да ги прекршат
прописите кои важат за радиоуреди.
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани.
50