19
МАКЕ
Д
ОНСКИ
Лиценци
Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од
моделот. За повеќе информации околу лиценците, посетете ја
страницата
www.lg.com.
Известување за софтвер
со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите
лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата
http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени
одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на
CD-ROM диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за
вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката
и ракувањето) по доставено e-mail барање до [email protected].
Оваа понуда е валидна три (3) години од датумот на купување на
производот.
Поставување на
надворешен контролен
уред
За добивање информации околу поставувањето на надворешен
контролен уред, посетете ја страницата
www.lg.com.
Отстранување на проблеми
Не е можно управување на телевизорот со далечинскиот
управувач.
t
Проверете го сензорот за далечинско управување на
производот и обидете се повторно.
t
Проверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач
има некаква пречка.
t
Проверете дали батериите сè уште работат и дали се правилно
поставени ( co , co ).
Нема приказ на слика и не се емитува звук.
t
Проверете дали производот е вклучен.
t
Проверете дали кабелот за напојување е поврзан на ѕидниот
штекер.
t
Проверете дали има проблем со ѕидниот штекер преку
поврзување на други уреди.
Телевизорот ненадејно се вклучува.
t
Проверете ги поставките за контрола на напојувањето.
Напојувањето може да има прекин.
t
Проверете дали функциите за
Автом. мирување
(Во
зависност од моделот) /
Тајмер за мирување
/
Тајмерот е
исклучен
се активирани во поставките за
Тајмери
.
t
Доколку нема влезен сигнал кога телевизорот е вклучен,
телевизорот автоматски ќе се исклучи по 15 минути
неактивност.
При поврзување со PC (HDMI), се прикажува ‘Нема сигнал’ или
‘Неважечки формат’.
t
Исклучете/вклучете го телевизорот со помош на далечинскиот
управувач.
t
Повторно поврзете го HDMI кабелот.
t
Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.