12
МАКЕ
Д
ОНСКИ
Монтирање на ѕид
Внимателно прикачете го опционалниот носач за на ѕид на задната
страна од телевизорот и инсталирајте го носачот на цврст ѕид под
прав агол во однос на подот. При прикачување на телевизорот на
други градежни материјали, ве молиме обратете се до квалификувано
лице. LG препорачува монтирањето на ѕид да биде извршено
од квалификувано професионално лице за инсталирање. Ви
препорачуваме да го користите носачот за прицврстување на ѕид на LG.
Носачот за прицврстување на ѕид на LG е лесен за преместување, заедно
со поврзаните кабли. Ако не го користите носачот за прицврстување на
ѕид на LG, ве молиме користете носач за прицврстување на ѕид кадешто
уредот ќе биде соодветно прицврстен за ѕидот со доволно простор за да
овозможи поврзување со надворешните уреди. Препорачливо е да ги
поврзете сите кабли пред да ги поставите фиксираните носачи за на ѕид.
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
Треба да користите завртки и носач за на ѕид кои ги задоволуваат
VESA стандардите. Стандардните димензии на комплетите за
монтирање на ѕид се опишани во следната табела.
Одделно купување (Носач за монтирање
на ѕид)
Модел
43UF64**
43UF68**
40/43UF77**
49UF64**
49/55UF68**
49/55UF77**
50UF83**
49/55UF84**
VESA (mm) (A x B)
200 x 200
300 x 300
Стандардна завртка
M6
M6
Број на завртки
4
4
Носач за
прицврстување
на ѕид
LSW240B
MSW240
LSW350B
MSW240
Модел
65UF68**
60/65UF77**
58UF83**
70/79UF77**
VESA (mm) (A x B)
300 x 300
600 x 400
Стандардна завртка
M6
M8
Број на завртки
4
4
Носач за
прицврстување
на ѕид
LSW350B
LSW640B
A
B
ВНИМАНИЕ
t
Прво откачете го напојувањето и дури потоа преместувајте го
и монтирајте го телевизорот. Во спротивно може да дојде до
електричен удар.
t
Пред поставување на телевизорот на носач за ѕид, извадете го
држачот вршејќи ги дејствата за прикачување на држачот по
обратен редослед.
t
Ако телевизорот го монтирате на таван или закосен ѕид, тој
може да падне и да предизвика сериозни повреди. Користете
авторизиран LG носач за ѕид и обратете се до локалниот
продавач или квалификувано лице.
t
Немојте премногу да ги затегнувате завртките бидејќи тоа
може да предизвика оштетување на телевизорот и да ја
поништи вашата гаранција.
t
Користете завртки и носач за на ѕид кои ги задоволуваат VESA
стандардите. Какви било оштетувања или повреди настанати
заради погрешна употреба или користење на несоодветен
елемент не се опфатени со гаранцијата.
ЗАБЕЛЕШКА
t
Користете завртки кои се наведени во спецификациите за VESA
стандардни завртки.
t
Комплетот за монтирање на ѕид вклучува упатство за
инсталирање и неопходни делови.
t
Носачот за прицврстување на ѕид е опционален. Дополнителна
опрема можете да набавите од вашиот локален продавач.
t
Должината на завртките може да се разликува во зависност од
носачот за на ѕид. Внимавајте да користите соодветна должина.
t
За повеќе информации, погледнете во упатството испорачано
со носачот за на ѕид.
t
При монтирање на ѕид со носач, користете ја лепливата ознака
или заштитниот капак кои ви се испорачани. Лепливата ознака
и заштитниот капак спречуваат собирање на прав и нечистотии
на отворот. (Само кога е испорачана ознаката или капакот)
Испорачан елемент
Ознака за заштита