МАКЕ
ДОНСКИ
МАКЕ
ДОНСКИ
5
Кога гледате телевизија, ви препорачуваме да се наоѓате на
растојание барем 2 до 7 пати поголемо од дијагоналата на екранот.
Доколку гледате телевизија подолго период, тоа може да
предизвика заматување на видот.
Користете го единствено специфицираниот тип на батерија.
Во спротивно, би можело да дојде до оштетување на далечинскиот
управувач.
Не мешајте ги новите со старите батерии.
Тоа може да предизвика прегревање или истекување на батериите.
Батериите не треба да бидат изложени на прекумерна топлина
и треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина,
отворени камини или електрични греалки.
НЕМОЈТЕ да ставате батерии кои не може да се полнат во уред за
полнење.
Водете сметка да нема предмети помеѓу далечински управувач и
неговиот сензор.
Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од
сончева светлина или друг вид силна светлина. Во овој случај,
затемнете ја собата.
При поврзување надворешни уреди како конзоли за видео игри,
проверете дали каблите за поврзување се доволно долги.
Во спротивно, производот може да се преврти, што може да
предизвика повреди или оштетување на производот.
Немојте да го вклучувате/исклучувате на уредот со вметнување
или вадење на струјниот кабел од штекерот на ѕидот. (Не
употребувајте го приклучокот на струјниот кабел како прекинувач.)
Тоа би можело да предизвика механичко оштетување или пак
струен удар.
Следете ги упатствата за инсталирање наведени подолу за да се
спречи прегревање на производот.
•
Растојанието меѓу производот и ѕидот треба да биде поголемо
од 10 cm.
•
Не вршете инсталирање на производот на места без
вентилација (на пр. на полица или шкаф).
•
Немојте да го инсталирате производот на тепих или перница.
•
Внимавајте отворот за вентилација да не е блокиран од
покривка за маса или завеса.
Во спротивно, тоа би можело да предизвика пожар.
Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање
на телевизорот подолго време, бидејќи отворите за вентилација
можат да станат жешки. Ова не влијае врз функционирањето или
перформансите на производот.
Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку
забележите оштетување или неисправност, исклучете го
и прекинете со употребата на уредот додека не се замени
неисправниот дел од кабелот од страна на овластен сервисер.
Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот
кабел или штекерот. Тоа би можело да предизвика опасност од
пожар.
Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување,
како извиткување, всукување, приклештување, притиснување
со врата, или нагазување. Особено внимавајте на приклучоците,
штекерите и местото каде кабелот излегува од уредот.