![Huawei BohL-WDQ9 Quick Start Manual Download Page 33](http://html.mh-extra.com/html/huawei/bohl-wdq9/bohl-wdq9_quick-start-manual_168591033.webp)
И 005 20
Македонски
Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го најновото упатство за корисници од
https://consumer.huawei.com/mk/support/.
Вклучување и полнење
Кога првпат го користите компјутерот, само вклучете го во напојување и тој ќе се вклучи.
Кога повторно го вклучувате компјутерот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување
додека тастатурата не се осветли.
Компјутерот има вградена батерија на полнење и може да ја полните со користење на адаптерот и кабелот
за полнење што е доставен со него. Показателот трепка во бела боја текот на полнењето.
Принудно исклучување: притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување подолго од 10
секунди. Имајте предвид дека тоа ќе предизвика губење на сите незачувани податоци.
Информации за безбедност
•
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долг временски период со голема
јачина на звукот.
•
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали користењето на
уредот може да влијае врз работата на вашиот медицински уред.
•
Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или нечистотија, или во близина на
магнетно поле.
•
Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -10°C до +45°C за чување.
•
При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што е лесно достапен. Користете
одобрени адаптери за напојување и полначи.
•
Исклучете го полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи долго време.
•
Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ја
на или во уреди за затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
•
Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може
да предизвика прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред
треба да го врши Huawei или овластен давател на услуги.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот
или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува
спецификациите за RF кога се користи растојание од 0,0 cm од телото.
BohL-WDQ9/BohL-WFQ9/BohL-WFP9: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,69 W/kg.
NblL-WDQ9/NblL-WFQ9/NblL-WFP9: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,91 W/kg.
29