М
акедонски
(MK)
179
Македонски (MK)
Безбедносни упатства и други важни информации
Превод на изворната верзија на англиски јазик
Во овие безбедносни упатства е даден краток преглед на
безбедносните мерки на претпазливост што треба да се
преземат во врска со каква било работа што се извршува на
овој производ.
Придржувајте се кон овие безбедносни упатства при
употреба, монтирање, ракување, одржување, сервисирање и
поправка на овој производ.
Овие безбедносни упатства се додатен документ, а сите
безбедносни упатства ќе се појават повторно во соодветните
делови од упатствата за монтирање и ракување.
Чувајте ги овие безбедносни упатства на местото каде што е
монтиран производот во случај да ви притребаат во иднина.
Изјави за опасност
Симболите и изјавите за опасност наведени подолу може да
ги има во упатството за монтажа и ракување, сигурносното
упатство и упатството за сервисирање.
Изјавите за опасност се структурирани на следниов начин:
Забелешки
Симболите и забелешките наведени подолу може да ги има
во упатството за монтажа и ракување, сигурносното упатство
и упатството за сервисирање.
Примена
CUE фреквентни конвертори може да се користат и во нови и
постојни инсталации. Локалното работење се изведува преку
работната табла која има графички приказ што ја прикажува
структурата на менито. Структурата на менито го користи
истиот систем како и Grundfos Е-пумпите.
Далечинското работење се изведува преку надворешни
сигнали, на пример преку дигитални влезови или GENIbus.
Добивање на производот
Пред монтирањето, прочитајте го
овој документ и интернет
верзијата на упатствата за
монтирање и ракување.
Монтирањето и ракувањето мора
да бидат во согласност со
локалните регулативи и
прифатените кодекси за добра
практика.
ОПАСНОСТ
Означува опасна ситуација која,
ако не се избегне, ќе резултира
со смрт или тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Означува опасна ситуација која,
ако не се избегне, може да
резултира со смрт или тешка
телесна повреда.
ОПОМЕНА
Означува опасна ситуација која,
ако не се избегне, може да
резултира со лесна или умерена
телесна повреда.
СИГНАЛЕН ЗБОР
Опис на опасноста
Последица од непочитување на
предупредувањето.
- Активност за избегнување на
опасноста.
Придржувајте се кон овие
упатства за производи отпорни
на експлозија.
Син или сив круг со бел графички
симбол означува дека мора да се
преземе активност.
Црвен или сив круг со
дијагонална лента, веројатно со
црн графички симбол, означува
дека мора да се преземе
активност или мора да се запре.
Непридржувањето кон овие
упатства може да доведе до
дефект или оштетување на
опремата.
Известувања и совети што ја
олеснуваат работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди на нозете
Смрт или сериозна телесна
повреда
- Користете безбедносни чевли
за време на транспортот и
избегнувајте редење на
кутиите.
ОПОМЕНА
Тешко подигнување
Лесна или умерена телесна
повреда
- Користете соодветна опрема за
подигнување при ракување со
производот.
- Следете ги локалните
регулативи.
Safety instruction.book Page 179 Sunday, April 25, 2021 5:22 AM