MK
134
Ferm
обидете се да задржите еднакво растојание
помеѓу врвот на електродата и работното
парче. Држете го ова растојание еднакво со
пречникот на електродата. Држете го ова
растојание константно по можост, во текот
на заварувањето.
•
Поместувајте ја полека електродата преку
работното парче.
•
Држете го аголот меѓу електродата и
парчето помеѓу 60° и 70° во насоката на
движењето.
•
Кога ќе биде направен заварениот спој,
прекинете го лакот со отстранување на
електродата од работното парче.
•
Исклучете го апаратот за заварување.
Забелека: Ако го оставите
апаратот вклучен, голема е
веројатноста електродата да
направи контакт (преку работната
маса) со заземјениот кабел и
спонтано да почне да заварува.
•
Отстранете ја згурата од заварениот спој,
со рамен чекан.
Водете сметка за разлетаните
метални честички. Секогаш носете
заштитни очила.
•
Никогаш не заварувајте врз остатоците од
згурата: згурата претставува изолатор и
контаминиран слој, а како резултат на тоа
го слабее заварувањето (тн. вклучена
згура).
•
Исчеткајте го заварувањето со помош на
жичана четка.
Забелешка: Работното парче и
натаму е со висока температура.
Не го оставајте жешко без надзор.
IИндикаторска светилка за температура
Сл.1
Кога температурата на апаратот за заварување
станува висока, термостат ќе се исклучи
(индикаторската светилка за температура ќе се
вклучи). Вградениот вентилатор го лади
апаратот. После ладењето светилката се
исклучува.
Овозможете ѝ на машината доволно време за
да се излади; со интензивно заварување
голема е веројатноста по неколку минути
повторно да се активира термичкиот
прекинувач
5. Сервис и одржување
Проверетe дали е апаратот
исклучен од струја пред одржување.
Оваа машина е конструирана да работи долг
период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Дефект
Ако машината не функционира правилно,
можните причини и соодветните решенија се
дадени подолу:
Апаратот не работи.
• Заземјениот терминал нема добар контакт
со работното парче.
• Електродата не е правилно поставена во
држачот.
• Термичката контрола е исклучена или е
скршена термичката заштита.
• Дефектен осигурувач (во мерна кутија).
• Дефектен кабел.
• Прекинувачот е дефектен/контактирајте го
продавачот.
Електродата продолжува да се „лепи” на
работното парче.
•
Користете вистински тип на електрода
(универзална)
•
Јачината на струјата е прениска/свртете го
копчето 3 надесно
Електродата е портокалово-црвена боја.
•
Јачината на струјата е премногу висока за
овој тип на електрода/свртете го копчето 3
налево
Електродата претерано прска и прави
многу бучава за време на заварувањето.
•
Јачината на струјата е превисока/свртете го
копчето 3 налево
Машината е многу топла; свети
индикаторската светилка.
•
Затнати се отворите за ладење /исчистете
ги со сува крпа; Почекајте неколку минути
додека светлото не се изгасне.
Поправките и сервисирањето треба
да ги изведува само квалификувано