предизвика пожар на пониска
температура отколку маслото кое се
користи за првпат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети кои се мокри заедно со
запаливи производи во апаратот, или
во негова близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната плоча.
• Не го ставајте капакот на жешка тава
врз стаклената површина на плочата за
готвење.
• Не оставајте садови за готвење да
вријат без вода.
• Внимавајте да не паднат предмети или
садови на апаратот. Површината може
да се оштети.
• Не ги вклучувајте зоните за готвење со
празни садови или без садови.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Садовите направени од лиено железо
или со оштетено дно може да
предизвикаат гребаници на стаклото /
стаклокерамиката. Секогаш
подигнувајте ги овие предмети нагоре
кога треба да ги поместите на
површината за готвење.
2.4 Нега и чистење
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Исклучете го апаратот и оставете го да
се олади пред чистењето.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
2.5 Сервис
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот сервисен
центар. Користете само оригинални
резервни делови.
• Во однос на светилите во
внатрешноста на овој производ и
резервните светилки што се продаваат
посебно: Овие светилки се предвидени
да издржат екстремни физички услови
во апаратите за домаќинство, како што
се температура, вибрации, влажност
или се предвидени за давање сигнали
за работната состојба на апаратот. Тие
не се предвидени да се користат за
други намени и не се погодни за
осветлување простории во домот.
2.6 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Контактирајте со вашите општински
органи за да добиете информации за
тоа како да се ослободите од апаратот.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
3. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
3.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа на
дното од куќиштето на апаратот.
МАКЕДОНСКИ
201