2 Општи безбедносни
упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги и придржувајте се до сите
безбедносни белешки и упатства!
Непридржувањето до безбедносните упатства може
да доведе до сериозни повреди и материјални штети.
Следете ги и придржувајте се до безбедносните
белешки подолу.
Уредот за задржување товар е конструиран
специфично за неговата наменета употреба.
Безбедноста на уредот за задржување товар не
може да се гарантира ако се користи на погрешен
начин или се измени на начини коишто не се
изречно одобрени од страна на производителот.
Може да дојде до сериозни повреди или
оштетување на имотот.
Секое лице коешто го користи уредот за
задржување товар мора да биде запознаено со
овие упатства и да има пристап до нив во секое
време.
Погрижете се сите корисници да бидат запознаени
со прирачниците за работа за сите алатки и
работната опрема, коишто се неопходни за
работата.
Внимателно прочитајте ги и придржувајте се до
упатствата од техничките безбедносни
информации на брендовите на Volkswagen
групацијата.
Носете безбедносни чевли (согласно ISO 20345,
S2).
Носете заштитни ракавици за да избегнете
сечење.
Внимателно поставете ги рацете и нозете за да се
избегне можниот ризик од смачкување.
Користете го уредот за задржување товар само за
активности одобрени од страна на Volkswagen
групацијата.
Користете го уредот за задржување товар само со
додатоците одобрени од страна на Volkswagen
групацијата.
Не надминувајте го максималниот капацитет за
товар од 180 kg. Целосното завртување на двата
шрафа е неопходно. Потпората мора да биде
подигната вертикално на дигалката.
Трансверзални и дијагонални сили не се
дозволени (видете ја сликата).
Прицврстете ги поврзувањата со шрафови со
предвидената вртежна сила (видете ги работните
прирачници на брендовите на Volkswagen
групацијата).
Проверете дали патеката за дигалката за
работилница на пр. VAS 6100 е чиста и дали лесно
се гледа.
Движете го товарот полека и внимателно.
Надгледувајте ги потпората и товарот за време на
сите движења.
На луѓето им се забранува да стојат под товарот и
во опасната област за време на процесот на
движење.
Не работете на подигнатиот товар.
mk | 118 | T40137
2018-07-02
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија
Summary of Contents for T40137
Page 2: ......
Page 197: ......
Page 198: ...Am Dörrenhof 1 ETO 85131 Pollenfeld Preith Germany www bosch com 2018 07 02 ...