Македонски |
251
Bosch Power Tools
1 609 92A 0XH | (12.12.14)
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири.
Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување.
Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење,
додека работи електричниот уред.
Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила постои опасност од
повреда.
Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
Не ставајте ништо на електричниот апарат.
Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како стационарен уред, е наменет за
изведување должински и напречни резови со прав тек на
сечење. Притоа можни се хоризонтални агли на
закосување од –47° до +47°, како и вертикални агли на
закосување од –2° до 47°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за
сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер
плочи, како и алуминиум и пластика.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Лост за олабавување на кракот на алатот
2
Дршка
3
Прекинувач за вклучување/исклучување
4
Заштитна хауба со повратен механизам
5
Гранична водилка
6
Маса за пила
7
Плоча за вметнување
8
Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување
(хоризонтално)
9
Лост за претходно поставување на аголот на
закосување (хоризонтално)
10
Показател на агли (хоризонтално)
11
Жлебови за стандарден агол на закосување
12
Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
13
Отвори за монтажа
14
Отвори на столарската стега
15
Жлебови за држење
Ознака
Значење
Носете маска за
заштита од прав.
Носете заштитни
очила.
Носете заштита за
слухот.
Изложеноста на
бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Не посегнувајте со
дланките во полето на
сечење, додека
работи електричниот
уред.
Доколку дојдете
во контакт со листовите
за пила постои опасност
од повреда.
Опасна зона! Држете
ги дланките, прстите
или рацете колку е
можно подалеку од
оваа зона.
Внимавајте на димензиите
на листот за пилата.
Дијаметарот на отворот
мора точно да биде
наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не
користете адаптери или
редуктори.
Ознака
Значење
254 mm
30 mm
OBJ_BUCH-1156-002.book Page 251 Friday, December 12, 2014 10:20 AM
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com