Отстранување дефекти
89
Climate Class 6000i/8000i – 6721831489 (2021/02)
5
Отстранување дефекти
5.1
Дефекти со приказ на код
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да
предизвика струен удар.
▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите
полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач)
и осигурете ги од повторно вклучување.
Дефект на уредот може да биде сигнализиран и со секвенцијално
трепкање на следните сијалички:
• Работна сијаличка
K
(зелена)
• Сијаличка за тајмер
(портокалова)
• Сијаличка за WLAN
(зелена)
Бројот на трепкања укажува на кодот на дефект.
На пример, во случај на дефект 23 – 4 работната сијаличка
K
(зелена) трепнува 2 пати, а потоа сијаличката за тајмер
(портокалова) 3 пати и сијаличката за WLAN
(зелена) 4 пати.
Алтернативно, можете да го проверите кодот за дефект преку
далечинскиот управувач
.
Ако некој дефект не престане и по 10 минути:
▶ Исклучете ја и повторно вклучете ја внатрешната единица.
Ако дефектот продолжи:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот за дефект и
дајте податоци за уредот.
Таб. 9
5.2
Дефекти без приказ на код
Таб. 10
Код за дефект
Можна причина
00 – 0
Нормална работа
01 – ...
Краток спој на термисторот на надворешната единица
02 – ...
Дефект поради превисока температура во компресорот или разменувачот на топлина
03 – 0
Надворешната единица е исклучена краткотрајно поради заштита.
05 – ...
Отворено струјно коло на термисторот на надворешната единица
06 – ...
07 – ...
Преоптоварување поради недоволно разладно средство или блокиран влез/излез на воздух. Дефект со IPM-модулот
или заштитата од прекумерна струја на плочата на главното струјно коло на надворешната единица.
09 – ...
Дефект на термисторот или 4-насочниот вентил или недоволно разладно средство.
10 – ...
Грешка со параметрите на надворешната единица во EEPROM
11 – ...
Дефект на вентилаторот на надворешната единица
13 – ...
Дефект на компресорот при стартување или работа
14 – ...
Дефект на модулацијата на амплитуди на импулс
17 – ...
Погрешен електричен приклучок на уред со отворено струјно коло
18 – ...
Погрешен електричен приклучок на уред со краток спој
19 – ...
Дефект на вентилаторот на внатрешната единица
20 – ...
Грешка со параметрите на внатрешната единица во EEPROM
24 – ...
Комуникациски дефект на внатрешната единица со WLAN
26 – ...
Дефект на термисторот на внатрешната единица
Дефект
Можна причина
Решение
Моќноста на внатрешната единица е
можеби преслаба.
Можеби е извалкан разменувачот на топлина
на надворешната или внатрешната единица.
▶ Исчистете го разменувачот на топлина на
надворешната или внатрешната единица.
Премалку разладно средство
▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Не функционира надворешната или
внатрешната единица.
Нема струја
▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Вклучете ја внатрешната единица.
Активиран е заштитниот прекинувач за
диференцијална струја.
▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Проверете го заштитниот прекинувач за
диференцијална струја.
Надворешната или внатрешната единица
започнува и запира ненадејно.
Премалку разладно средство во системот.
▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Премногу разладно средство во системот.
Извлечете малку од разладното средство со уред за
шмукање на разладно средство.
Во разладното средство има влага или
нечистотии.
▶ Испуштете го разладното средство.
▶ Наполнете ново разладно средство.
Преголеми флуктуации во напонот.
▶ Инсталирајте регулатор на напонот.
Компресорот е дефектен.
▶ Заменете го компресорот.
OBJ_DCL-6721831489-001.fm Page 89 Wednesday, April 21, 2021 2:52 PM