Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
Climate 5000i – 6721824787 (2021/02)
120
5.2
Дефекти без приказ на код
Таб. 11
6
Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на
групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на
животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се
придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната
средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата
можна технологија и материјали, земајќи ги предвид економските
аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме во
националните системи за рециклирање со цел да се загарантира
оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на
животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се
пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена. Така
можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните
компоненти.
Електрични и електронски стари уреди
Овој симбол значи дека производот не смее да се
исфрла во отпад со обичниот отпад од домаќинството,
туку мора да се однесе во соодветен центар за
рециклажа каде што ќе се истретира, рециклира и
исфрли.
Симболот важи за земјите со прописи за електронски отпаден
материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG за
електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги
дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и
рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во
поединечните земји.
Со оглед дека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора
да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по
животната околина и човековото здравје. Освен тоа,
рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се
зачуваат производните ресурси.
За повеќе информации околу еколошкиот начин на исфрлање на
електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните
надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што
сте го купиле производот.
Повеќе информации ќе пронајдете овде:
www.weee.bosch-thermotechnology.com/
Батерии
Батериите не смее да се исфрлаат со отпадот од домаќинството.
Употребените батерии мора да се однесат во локален центар за
собирање таков отпад.
Разладно средство R32
Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена
градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од
675
1)
) со слаба запаливост и ниска токсичност
(A2L или A2).
Содржената количина е наведена на фабричката
табличка на надворешниот уред.
Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се
соберат и исфрлат на посебен начин.
Дефект
Можна причина
Решение
Моќноста на внатрешната единица е можеби
преслаба.
Можеби е извалкан разменувачот на топлина
на надворешната или внатрешната единица.
▶ Исчистете го разменувачот на топлина на
надворешната или внатрешната единица.
Премалку разладно средство
▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Не функционира надворешната или
внатрешната единица.
Нема струја
▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Вклучете ја внатрешната единица.
Активиран е заштитниот прекинувач за
диференцијална струја или осигурувач.
▶ Проверете го приклучокот за струја.
▶ Проверете го заштитниот прекинувач за
диференцијална струја или осигурувачот.
Надворешната или внатрешната единица
започнува и запира ненадејно.
Премалку разладно средство во системот.
▶ Проверете ги цевките за протекувања и ако
треба отстранете ги протекувањата.
▶ Дополнете разладно средство.
Премногу разладно средство во системот.
Извлечете малку од разладното средство со
уред за шмукање на разладно средство.
Во разладното средство има влага или
нечистотии.
▶ Испуштете го разладното средство.
▶ Наполнете ново разладно средство.
Преголеми флуктуации во напонот.
▶ Инсталирајте регулатор на напонот.
Компресорот е дефектен.
▶ Заменете го компресорот.
1) поради Прилог 1 од Директивата (ЕУ) бр. 517/2014 на Европскиот
парламент и на советот од 16. април 2014 година.
Summary of Contents for CL5000i-Set 26 E
Page 214: ......
Page 215: ......
Page 216: ...Bosch Thermotechnik GmbH Junkersstrasse 20 24 D 73249 Wernau www bosch thermotechnology com ...