204
| Македонски
Подесување на правецот на вртење (види слика H)
–
Десен тек:
За дупчење и завртување притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење
(9)
на
лево до крај.
–
Лев тек:
За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот
на вртење
(9)
на десно до крај.
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат
спојка за
исклучување
која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
– За
вклучување
на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(8)
до крај.
– Електричниот алат
автоматски се исклучува
, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
u
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(8)
претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При преоптоварување, електричниот алат се блокира,
додека не се постигне повторно оптималната
температура. Отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување
(8)
и повторно вклучете го електричниот
алат, за да може да продолжите да работите.
Електричниот алат не работи со оптимална ефикасност
под 50 % број на вртежи. Ова може да предизвика
порано активирање на заштитата од преоптоварување на
температурата. Доколку има проблеми со овие поставки,
конфигурирајте ја излезната брзина над 50 % или
намалете го максималниот искористен вртежен момент.
Совети при работењето
u
Електричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен.
Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Подесување на вртежниот момент (види слика I)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување
(20)
што е
испорачан со уредот.
– Притиснете го поклопецот за спојката кон наназад.
– Вметнете го алатот за поставување
(20)
во малата
испакнатина (плочка за подесување
(21)
) на спојката
и завртете го
(20)
.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
– Извадете го алатот за поставување
(20)
. Притиснете го
поклопецот за спојката додека не се затвори отворот,
за да се заштити спојката од нечистотија.
Напомена:
Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
u
Вртежниот момент поставете го само во
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
u
Редовно проверувајте го вртежниот момент.
Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-
приказот
(5)
свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот
(5)
свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
u
Како индустриски алат, електричниот алат е
дизајниран да нема потреба од одржување.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
1 609 92A 6RK | (09.11.2021)
Bosch Power Tools